МКМЕТАЛ

Politicians hide themselves away They only started the war Why should they go out to fight? They leave that role to poor
Black Sabbath

Философија

Поезија: Уметност или начин на живот?

Thumb default
DarkMinerva
31 Мај, 2008

И кога викам да имаш муда, тоа е стварно така, бидејќи сите знаат дека ако се одлучиш да живееш таков живот полн со “поезија“ и големи идеи, полн со жртвување и потрага по нешто што не е предвидливо, итн итн, ондак осуден си на ОГРОМЕН ПРИТИСОК од општеството, од пријателите , роднините, па дури и можда од луѓето кои си мислел дека ќе бидат на твоја страна.

Сепак, паметните знаат дека сето ова(сите проблеми што човек може да си ги направи ако се одлучи на таков чекор) не е важно…..

се си има своја цена….=)

(само немојте да бидете од оние коишто се лажат дека цената е превисока=)

Thumb default
Makedon
10 Септември, 2008

Уште од самиот почеток темата започна со коментари дека поезијата е производ на нечиј депримиран и разочаран ум којшто своите чувства ги изразува преку поезијата. Не е баш така…

Поезијата е уметност којашто ја изразува моменталната состојба кај авторот (пред се психичка). Јас понекогаш пишам по некој стих во моменти на инспирација, но 80% од тие мисли се ведри и не се воопшто депримирачки. Жалосно е што многумина темата не ја прифаќаат озбилно. Поезијата но и воопшто секое дело напишано со и од душа, искрено и онака како што е вистински е најубаво. Поезијата за оние кои ја сфатиле посериозно и се инспирирани од многу нешта е начин на живот, за среќа имам доживеано такво нешто во моменти на пишување, тоа е интересно чувство кога мислите коишто ви се во главата ги читате пред себе на лист хартија…

Images
para2509
10 Септември, 2008
Пред некое време пишував т.н.поезија,јас си ги викам Стихови.Забележав дека тие шо ги прочитаа велеа дека се страшно мрачни.Всушност,тоа се само изрази на мои доживеани моменти .Исто забележав и дека кога ќе допишам и ќе го прочитам напишаното,дел од darkness-от се губи и ми олеснува на некој начин,како да се префрла тежината од мене на хартијата,многу интересна работа.А за пишување за светли моменти како што се радоста,љубовта,едноставно не ми доаѓаше инспирација и на крај и се откажав од тоа.Мислам дека не треба таквите работи да се опишуваат,туку да се доживуваат и да се паметат.Со пишувањето за нив мислам дека само ќе ги осквернам.
Thumb default
Makedon
10 Септември, 2008

Поезијата не само што е уметност, туку таа во најголем дел од случаите има функција на таканаречен издувен вентил. Тоа значи дека авторот своите црни мисли ги остава на хартијата, еден вид катарза, разговорот со психологот длабоко во вас кој преку таа конверзација ви ги отргнува црните мисли. Тоа е многу позитивна особина

Sallgoodman
Anarhisticko Kopile
10 Септември, 2008

ДРАГА МОЈА

Драга моја те сонувам вечерва
како челична завеса низ северните полиња
Ме исполнуваш, секој твој здив
Се влажни на мразот на твоето мрко тело
Те допирам, а истовремено го допирам
Небото, и вселената и Господ
Како Исус ме дарува со твојата
амброзична светлина исткаена
пред портите на СССР.

Други сонуваат за тебе,
За твоите пресни гради и топол лик
Но, јас те имам и нема да те дадам
Додека Аурора Бореалис како шилец
Ми навлегува во срцето
Јас тонам, тонам во твојот здив
И мирисот на твојата коса, во моите препони
Како пумпарица низ моите гради
Блеска, блеска месечината
Во твоите очи го гледам Авет

epicfail.blog.com.mk

Thumb default
MET@LIAN
10 Септември, 2008

Moe mislene e deka poezijata e i dvete.Pisatelot cesto preku svoeto delo iskazuva momenti od svojot zivot,i na nekoj nacin se sozivuva so deloto.Spored mene dobar pisatel e onoj sto ke se sozivee so deloto koe go pisuva i ke gi vnesi svoite cuvstva,onoj koj ke tvori iskreno.Za mnogu pisateli poezijata e nacin na zivot,posveteni se na svoite dela,se pronaogaat sebesi vo svoite dela,duri i ponekogas naogaat uteha od svoite problemi vo pisuvaneto.No,od druga strana koristat mnogu stilski izrazni sredstva i umetnicki stil na pisuvane.

Thumb default
MELPOMENA
10 Септември, 2008

Хм….Поезијата некогаш знае да биде и болка, и за оној кој ја пишува и за оној кој ја чита…
Секоја алегорија и персонификација е обид да го излажеш оној кој чита дека не зборуваш ти(писателот) туку некој друг, дека сетоа тоа не е твое страдање туку нечие туѓо, или радување сеедно.
Едно е факт…..нормалните лиѓе не се поети или писатели.Ч-)
Понекогаш се сурови и егоисти, по некогаш се шизофреничари….Па се кажува фактот дека Пушкин на својот син во наследство му има оставено капа и мантил со џебови полни со белешки, ниту пара ниту куќа….Има мн пример….

Thumb default
MET@LIAN
10 Септември, 2008

Imas pravo za ova najcesto ne bile normalni,i barale izlez vo pisuvaneto.No,ako bea site normalni,nekoi od klasicite na svetskata knizevnost nemase da postojat.Ednostavno za sekoja umetnost ima potreba od malce t.n cudni umovi.Tie svojata cudna realnost ja opisuvaat na nacini na koj retko koj od normalnite umovi bi go dostignal.Toa ne e taka samo vo knizenosta tuku i vo drugite umetnosti.Pr.poveketo dela na Van Gogh se tvoreni vo nesvesna situacija poradi preteranoto konzumirane na alkohol.No,sepak toa kako da mu otvara novi vidici,novi idei za knigite.Najcesto pisatelite vodele zapusten i razvraten zivot,no toa im pomagalo vo delata.Tie imale proziveano mnogu iskustva vo zivotot,koi gi pottiknale da pisuvaat.Na nekoj nacin steknale iskustvo vo poveke sferi od zivotot,i mozele na prekrasen nacin da gi opisat dobrite,no i losite raboti na koi cesto bile i svedoci.Spored mene toa im pomognalo da pisuvaat i da se izdvojat od drugite po svojot pogled na zivotot.

Thumb default
MET@LIAN
10 Септември, 2008

Edit:

Pr.poveketo dela na Van Gogh se tvoreni vo nesvesna situacija poradi preteranoto konzumirane na alkohol.No,sepak toa kako da mu otvara novi vidici,novi idei za knigite
Eh covek od nespiene i greski ke napravi pocnav so Van Gogh,pa odma so pisatelite.I nego pisatel go napraviv:D.

Thumb default
Makedon
10 Септември, 2008

Ова дали поетите се нормални или ненормални е доста релативно и не е баш така. Гледано секој е ненормален, нема мерило за ненормалност па да кажеме кој е ненормален а кој не. Секоја психичка состојба е иритирана од околината, така да според тоа секој може да биде во секаква состојба (нормален или ненормален просто кажано)*. Поетите го гледаат светот со другите очи и убавината ја наоѓаат во стихот, како што монасите убавината ја наоѓаат во манастирската тишина, како што блудниците убавината ја наоѓаат во развратното однесување, како што ние ја наоѓаме убавината да коментираме на форумот… Се е релативно.

Поезијата може да покажува и недостиг на нешто (денеска највеќе љубов) затоа многумина поезијата ја поистоветуваат со болест, меланхолија и ненормалност, бидејќи денеска овие појави се најчести и светот страда од недостаток на внимание и љубов, за жал.

Thumb default
MET@LIAN
11 Септември, 2008
Ова дали поетите се нормални или ненормални е доста релативно и не е баш така

Barem jas vo mojot post ne mislev na toa deka se nenormalni,tuku sakav da kazam deka toa e nacinot na koj bile tretirani od lugeto.Ubavo kaza deka poetite go gledaat svetot so drugi oci .Ednostavno se izdvojuvale od drugite luge po svoeto razmisluvane i postavuvale gledista koi za drugite luge se nesfatlivi.Zatoa vladeele mislena deka se cudni i ekscentricni.No,sepak jas gledam vo niv kako genijalci koi go opisuvaat toa sto prosecniot covek nikogas ne mozi da go dostigni.Edinstveno nenormalno od niv se nivnite nenormalno dobri dela.

Thumb default
Makedon
11 Септември, 2008

MET@LIAN, точно така. Денеска посебно поезијата тешко кој да ја сфати и разбере. Таа е оставена во длабокиот океан на мисли, но најголем дел од луѓето пловат по тој океан неосмелувајќи се да се нурнат во тој бескрај од мисли и зборови, сметајќи ги за опасни и ненормални нешта. Всушност, секое наше искрено размислување е поезија. Оној кој длабоко размислува пишува поезија во себе. Иако не е напишана на хартија, иако изчезнува во мигот, сепак тоа е поезија…

Thumb default
Skitnik
13 Септември, 2008

PRIMITIVNOSTA

Ponekoash demonot e nad mene,
ponekogash vlijaam zad sebe,
ponekogash sam sum so sebe,
krvav i nasolzen patam od nemir.

Sekogash polesnata pateka,
taa ista e pomrachna i poteshka,
ochekuvam cel da dostignam,
trudejki se sonot da go soboram.

Koga nema nokogo,koga si sam,
togash e pravilnata gorchina,
machnina jadi,mladi i glupavi,
se nasmevnuvam na tagata.

Sreken sum vo nokta,teshkotii,
zivotovi storii kaj sekogo se oboeni,
vizuelni neispolnuvanja,prazni se,
taguvanja nepotrebni,vozdishki.

Zaborav na se,nova stranica,
tuka pochetokot e kako volsheben,
sredina stanuva nemiren,kraj e ochaen,
sto i da se stori ova e realnost vo zivotot.

kinggotPOPAGIN
Thumb default
Makedon
13 Септември, 2008

cghzdghjtdntbxhtfgvyybzgxvbtf koga pisham gluposti imate pravo da minusirate :)

34208 1436095537277 1079612247 1249189 2760791 n
BornInHell666
14 Септември, 2008

Кога ќе умрам,мој најдраг
Немој да пееш тажни песни за мене
Немој да посадиш цвеќе над мојата глава
Ниту “Кипар” којшто ќе ми држи сенка
Биди зелената трева над мене
Со капки од роса коишто ќе ме полеваат
Ако се сетиш некогаш на мене…
И ако заборавиш…

Јас не можам да ја гледам сенката,
Јас не можам да го почувствувам дождот,
Јас не можам да го слушам славејот
…додека тој пее жални песни за нас.
И додека сонувам во самракот
И на зајдисонце и изгрејсонце
Среќно можеби ќе паметам…
И среќно можеби ќе заборавам…

1781 logo
Vortex
14 Септември, 2008

Ода за шмирглата

О шмиргло ти прекрасна,
дојди до моите црни очи,
истриј ги со својата мачна рапавост
нека крварат малку пред да исчезнат
за да не можам да читам постови и поезија на форумов

О сулфурна киселино
најди се во моите раце
о раце мои, префрлете ја сулфурната киселина до моите очи
во случај шмирглата да не си ја завршила добро работата

Thumb default
Tivkiot Bob
14 Септември, 2008
Ода за шмирглата

О шмиргло ти прекрасна,
дојди до моите црни очи,
истриј ги со својата мачна рапавост
нека крварат малку пред да исчезнат
за да не можам да читам постови и поезија на форумов

О сулфурна киселино
најди се во моите раце
о раце мои, префрлете ја сулфурната киселина до моите очи
во случај шмирглата да не си ја завршила добро работата

Најдобрата песна и најзабавна досега,,, БТВ сега ја напиша Vortex?

Thumb default
Inhumanitas
14 Септември, 2008

Nisto ne e tesko da se razbere – opredeluva faktorot umetnicki duh + empatija. Denes poezijata stanuva hollow kako konceptualnata umetnost = se misli deka ako se naredat nekolku nerazbirlivi zborovi na visoko nivo, nekolku mracni scenarija ili apsurdni(citaj, bez poenta) raspolozenija ii… site stanaa poeti. Kade e onaa poezija kade obicen zbor vlijae vrz obicen covek kako kosmicko zracenje, kade spletot od ironija i poistovetuvanje te tera da reces: ej, majkata, kako mu teknalo #%*^& :D , kade e Umetnosta??
Poezijata ne e vselena, pa da e tolku dalecna od realnosta. Ne e ni toaletna hartija pa da e tolkav del od realnosta. Taa e SPOJKATA.
Procitajte John Donne, procitajte Alexander Pope, Samuel Coleridge,John Keats i tn. Isto – Blaze Koneski (mojot ideal)

Sallgoodman
Anarhisticko Kopile
14 Септември, 2008

Гледајте, о вие напатени души
Дека и јас можам ова да го чинам
И морам да кажам со сета сигурност
На копиљската света мисла,
Која е единственото нешто реално
В овој мал виртуелен свет
(Почит давам кон Пецо, сепак
Бидејќи е човек над луѓето)
Дека стиховите кои произлегуваат
Од оваа Модел КБ-224 тастатура
Се накитени со мајсторска супериорност.

Но, да не ви се верува!
Јас не сум емотивец собран
В прегратката на својата соба
Со постери од готски курви и
Бендови кои зрачат на дилдоа
Нити страдам в овој мој живот
Напротив, јас би рекол
Дека сум сакан од боговите
Во секој аспект тие ме дарувале
Имам се што може човек да сака
И морам да изјавам дека сум среќен
Па дури и фактот што ќе одам на факс
Не ми го расипува мојот филм.

Да, јас не сум уфилман како вас
В уникатност која, патем е демоде
И клише и крајно хомосексуална мисла
Нит сум уфилман дека сум поет
Што не сум, бидејќи знам да пишувам и проза
Се облекувам во црно руво
Само бидејќи добро ми стои.
Не сум беден геј емо педер
А, сепак, мојот стих
Зрачи со супериорноста
Од која дури и Хитлер
Би се посрал в гаќи.