МКМЕТАЛ

Underground Of The Underground
Nihilist

Recycle Bin

Давајте предлози за читање книги!

Thumb default
assphalt
17 Октомври, 2008

меѓутоа ќе се согласиш ли исто така дека постои разлика помеѓу стил на пишување (малите букви на почетокот на сите реченици, го воспоставуваат тонот на расправата, слично како што и caps lock-от), сленг (јас без сумња го користам скопскиот, и истото не му го замеруем на никој – примери “еле”, “идем”, “иди” “идит”) и фундаментално непознавање на македонски превод на концепти кои се земени при свест исклучиво на англиски.

оттаму, есотерија, идеа, интелегенција не е = со зашо, зошо, уствари и правилна интерпукција (кај што спаѓа и .., :)), празно место после интерпукциски знак, правилно користење параграфи).

сметаш дека “фаќањето за правописот е смешна” работа во оваа расправа тука, или општо во сите расправи? сметаш ли дека правописот сам по себе е смешен концепт?

Thumb default
assphalt
17 Октомври, 2008

У случај strAngel да не чита измодерирани постови, верувајќи му на вкусот на форумот:

- Се согласуваш ли? Ако не, зошто?

- сметаш дека “фаќањето за правописот е смешна” работа во оваа расправа тука, или општо во сите расправи?

- сметаш ли дека правописот сам по себе е смешен концепт?

Или идејата беше да дојдеш и да кажеш “престанете да си ги мерите куровите”, аналогно вадејќи го својот на маса као најголем? Нема дискусија која симплексно нe може да се сведе на “мерење на курови”, или пак на “незрела”.

Untitled1a
Daftie
17 Октомври, 2008

Јас сметам дека куровите треба да си ги мерите по приватни пораки и да предложите некоја книга.

И да, сметам дека сум у право.

Thumb default
Сварог
18 Октомври, 2008

Дај кажете некоја проверено добра филозовска книга.И да…да не биде боринг ес шит. =) фала

Thumb default
assphalt
19 Октомври, 2008

што значи тоа проверено добра философска книга? значи дека треба да му веруваш на нечиј вкус? не е тоа така едноставно, ти препорача некој некоја философска книга, ти ќе ја прочиташ и ем ќе се забавуваш ем ќе се просветлиш.

пронаоѓањето на вистинската философска книга е макотрпен процес, кој подразбира многу читање. по моја слободна проценка, 1 од 8 книги кои ќе ги прочиташ ќе ти погоди вистински, останатите 7 ќе ти бидат веројатно “боринг ес шит”.
ако не си подготвен за тоа, најди замена за читање.

ако не почни од сите предлози на темава, има неколку философски книги веќе препорачани. прочитај ги сите, шо курац имаш да изгубиш? =) а да, рипни ги оние за магика.. =)

Thumb default
MET@LIAN
19 Октомври, 2008

Sudbinata na covekot-Mihail Solohov
Ova e vsusnost podolg raskaz od Solohov,no dosta interesno e deka glavnata tema vo delata na Solohov-Kozacite vo ovoj raskaz ne e zastapena.Ova e raskaz vo koj se raskazuva za sudbinata na Andrej Sokolov.Soocen so smrt,bolka,stradane,obvien vo taga na krajot sepak uspeva da ja najde svojata sreka.Koga odi vo vojna na 18-19 godisna vozrast celoto negovo semejstvo umira od glad.Potoa se zeni so Irina i imaat tri deca.Andrej e povtorno povikan vo vojska i tamu doznava deka bomba padnala vo blizina na nivniot dom i site umrele osven negoviot sin.Koga se vraka doma doznava deka i toj umrel i ja gubi voljata za zivot.Toni vo zivot poln so stradana i se pred nego e temno.No,sepak na krajot naoga edno momce na koe mu e potreben tatko i taka ja naoga svojata sreka i konecno naoga nekoj koj ke pretstavuva smisla na negoviot zivot.Ova e delo vo koe e izrazena mislata za smrtta,no i za preroduvaneto na dusata na Andrej.

Thumb default
MET@LIAN
22 Октомври, 2008
Дај кажете некоја проверено добра филозовска книга.И да…да не биде боринг ес шит. =) фала

Imeto na ruzata e filozofsko-kirminalisticki roman od Umberto Eko koj mu nosi i najgolem uspeh.Spored ovoj roman napraven e i film.Momentalno go citam i dosta dobar vpecatok imam.Koj i da zemi da go cita nema da zgresi.

Thumb default
MET@LIAN
22 Октомври, 2008

Gorski venec-Petar II Petrovic Negos
Ova e delo od Negos koe go iskazuva zivotot vo Crna Gora vo 17 vek.Kazuva za borbata pomegu islamiziranite i pravoslavnite ziteli.Tuka se sretnuvaat i mletacite i zaklucno so niv vo deloto se doaga do tri razlicni svetovi.Sekogo go interesira negoviot napredok,no sepak postoi i strav od protivnickite strani.Glavni naratori se vladikata Danilo i igumenot Stefan.Vladikata Danilo go zapocnuva razgovorot so mislata deka Turcija se siri niz svetot,a toj e nemoken nisto da napravi.Opisuva kako Turcite zaposednuvaat razni zemji a toa ja doveduva vo uste polosa sostojba nivnata drzava.Go pokazuva svojot strav od sireneto na Turcite,no go macat i mislite za opravdanosta na bratoubistvenata vojna.Dosta kratko delo,no sepak idejata na Negos e prekrasno dolovena.

Stani6a
Stanoja
22 Октомври, 2008

@MET@LIAN:
Све добро, само малу ќирилица да пукнеше. Иначе да те попраем за „Судбината на човекот“ само мала ситница: Кога Андреј треба да се сретне со синот, он не иде дома, него више са накај Берлин, нели? Саат време пред да се вида, овој го убија снајпер. Андреј, остај што тоне у гадни мисли, он успева да ја гледа светлата страна. Фино книгиче, 40 стране, ама стварно добро!

Чера ја прочитав антидрамата на Семјуел Бекет со наслов „Чекајќи го Годо“, и сватив дека книгата е стварно добра! Иако у неа преовладуваат двајца идиоти, тешка финта владее унутра! 100 стране, вреди да се читне. Само да напоменем дека е „боринг ес шит“ :):).

Скоро ја читав и оваја од Алберт Ками, „Странецот“. Главниот лик е невиден, Марсо, мерсо, како и да се вика, не е битно. Цитирам: „Мајка ми умре….дознав по телеграма. Не знам кога, можеби вчера, можеби завчера. Сеедно ми е!“. Неговата љубовница му дава 3-4 пута у текот на книгата, и го прашуа „Сакаш да се венчамо?“ Овој: „па не знам, сеедно ми е.“. За све му е сеедно, али многу добро е напишано! Читајте понатаму….паметен тип :)

Иначе не читам многу книге, углавном за у школо, можда и ретко некад таке ради досада. Читањето книге иде поспоро од дефрагментација на ХДД!

Thumb default
MET@LIAN
22 Октомври, 2008
Кога Андреј треба да се сретне со синот, он не иде дома, него више са накај Берлин, нели? Саат време пред да се вида, овој го убија снајпер. Андреј, остај што тоне у гадни мисли, он успева да ја гледа светлата страна. Фино книгиче, 40 стране, ама стварно добро!

Fala sto me popravi,za brzo planiram ,,Cekajki go Godo’’ da ja procitam ama sepak sega zasega prioritet ima ,,Imeto na ruzata’’ da ja docitam.

Thumb default
MET@LIAN
24 Октомври, 2008

Мистерија во Стајлс-Агата Кристи
Интересно е што ова е местото на последниот случај на Херкул Поаро,како и местото на неговата смрт.Во ова дело е прикажана смртта на Емили која е отруена.Хејстингс го повикува својот пријател Херкул Поаро да го реши случајот и тука до израз доаѓа неговата инспекторска умешност.Да не се потпадне под влијание на доказите(бидејќи не се секогаш точни),трезвено размислување,употребување разни умешни инспекторски методи,а до израз доаѓа и интелегенцијата на Поаро.Препорачливо за тие што сакаат криминалистички романи.

Thumb default
Malacia
24 Октомври, 2008

Медеја – Еврипид
За сите што сакаат античка трагедија. Всушност оваа трагедија ја прикажува моќта на женската персона за првпат толку силно наспроти сите трагедии на останатите трагедиографи во античко време, во чии што трагедии жените пред се се молителки и се покорени на општествените норми.

Thumb default
Anares Halana
30 Октомври, 2008

Книгите кои ќе ги наведам не се поредени по омиленост/неомиленост, туку чисто онака како што ми навираат од мојата слаба меморија (стареам =(
Списоков не ниту одблизу завршен, но бидејќи мразам/презирам и повраќам на долги постови, ќе се обидам на најкраток можен начин да се искажам, без да приумрат сите при читањето:

1. Аспекти на митот – Мирча Елијаде, романски антрополог/етнолог. Оваа книга може да ги прошири хоризонтите на размислување, доколку некој е заинтересиран за еволутивните патишта на митот кај старите цивилизации. Но мислам дека овој тип на книги не се за секого, од тој аспект што може да се наиде на потешкотија со терминологијата (што во секој случај не е несовладливо, меѓутоа, пак, зависи од интенцијата на оној кој чита). На многу луѓе им оставиле впечаток биографските податоци на авторот кога во предговорот зборува за неговата врска со една жена од различно поднебје од неговото (па некои дури сметаат дека таа одиграла somewhat клучна улога во неговото пишување за старите народи…

2. Историја на религијата и историските идеи – Мирча Елијаде.
Е сега, ако не се лажам, оваа книга е напишана во три томови и е преведена на македонски. За жал, можам да зборувам само за првиот том, каде Елијаде почнува интегрално да ги разгледува верувањата и идеите почнувајќи од Библијата, одејќи до Асировавилонците, Хебреите итн.

3. Демиан – Херман Хесе (исто така и Степскиот Волк).
Нема да се обидам да опишам за што станува збор во книгава, бидејќи го земам во предвид фактот дека е лектира за трета година во средно, и сигурно сите се доволно запознаени со историјатот на книгава (малку дискутабилно звучи историјат:) Ми се допаѓа кога читам на кој нашин Хесе еволуирал и се оттргнал од филозофијата на Ниче, неговиот учител (иако ако забележите, очигледното влијание е повеќе од присутно). И што е всушност сликата за птицата која излегува од јајцето? Hail new world?!

4. Дванаесетте римски цареви – во превод на Весна Димовска-Јањатова.
Two thumbs up за поглавјата за животот и делата/неделата на Нерон и Калигула (Калигула имал брат по име Нерон… Тоа отпрво ме збуни:)

5. De ira – Лукиј Анај Сенека
Ова дело е одлично за оние кои сакаат да читаат филозофско дело. Учителот на немилосрдниот Нерон го пишува ова дело, истакнувајќи ги дури и физичките недостатоци или одлики на гневните луѓе (се сеќавам дека кога првпат ја земав книгава, почнав да ја читам среде 23ка и почнав да се смеам, бидејќи сфатив дека има и по нешто за мене во книгава, заради мојот темпераментен карактер:) Ова е мала книгичка, која секако дека е подобро да се чита во оригинал, за оние кои знаат латински, бидејќи само тогаш може да се доживее онака како вистински, безвремен филозофски трактат за една руинирачка човечка особина. Книгава е дефиниција за малодушноста на човекот и што се тој ќе направи кога ќе биде заспелен од гневот.

6. Elric at the end of time – Michael Moorcook
За сите кои сакаат fantasy stories со необичниот албино принц Елрик, приказни со егзотични имиња на ликовите, претстави на некои нови богови и нови светови и приказни со некогаш чуден крај. Најголем впечаток ми остави The Last Enchantment, но сите кои сакаат да читаат ваков тип жанровски текстови, можат да пробаат со оваа книга.

7. Кратка историја на кинеската филозофија – Фонг Ју Ланг
Преведувачот одлично забележува дека во Македонија многу малку внимание им се обрнува на источните филозофии и книжевности и наведува дека одвај некако успеал да направи еден ваков, сосема скуден осврт кон кинеската филозофија. Големо браво за успешно постигнатиот проект.
Фасцинирана сум од Минг-Џја, школата на имињата (да се порекне се што е вистинито и да се направи лагата вистинита, и обратно – кршење на сите закономерности на началата и правилата за добро и нормално однесување, во сопствена корист).

8. Крстоносните војни видени од страна на Арабјаните – Амин Маалуф
With all do respect за фановите на Толкин – подобро би читала нешто од овој тип, историја за крстоносните војни, но овојпат обележани од Арабјаните, а не од Франките, отколку обид да направам квази-мит и да го прогласам за сопственост на мојата култура. Толкин не прави во суштина ништо ново, ама да не забегувам за тоа сега.
Има супер описи на некои херои кои не ни се познати (на пример се фасцинирав од ликот на Танкред), опис на нивните дела, начините на кои биле убиени и сл. Оваа книга е на врвот на списоков, ама како што реков, нема врска подреденоста (се обидувам колку што можам да го скратам изборот на книги на 10).

9. Максими – Франсоа Ларошфуко
“Остри го умот”

10. Теута – Димитрија Деметер/Мирко Богович
На почетокот ќе стекнете впечаток дека читате книга за андрогин(а), хероина која е во голема мерка женски шовинист, ја презира љубовта и ја смета за најподло нешто во животот на една жена. Таа е кралица, верна на престолот и ќе направи се што е во нејзина моќ да ја зачува стабилноста на нејзиното кралство, ама тоа се додека не се појави еден храбар витез…

Други книги кои чисто онака би ги споменала се Зен будизмот и психоанализата, Еден спомен од детството на Леонардо да Винчи (Фројд прави цела една психоанализа на Да Винчи врз основа на еден цртеж, или подобро скица која ја црта овој уметник, па доаѓа до низа чудни, а сепак основани заклучоци за сексуалната определеност на сликарот, неговиот благ едипов комплекс итн.), Аристос од Џон Фаулс (овде има супер објаснување за поимот nemo), Смислата на животот (Алфред Адлер – и покрај тоа што насловот звучи као од шпанска серија, книгата е супер бидејќи се крепи на вистински ситуации од работното искуство на Адлер, кој го објаснува настанувањето на комплексите или пореметеното однесување кај човекот), Преобразби на Кафка (особено текстот Пресуда), но и Процес (едно од моите најомилени дела). Понатаму Самурај на Сабуро Сакаи (имаше една супер реченица, ќе се обидам да ја парафразирам: “Никогаш немој да ја веднеш главата и запамети дека твојот татко беше самурај. И никогаш не заборавај дека самурајот треба да живее, во секој момент подготвено чекајќи ја смртта”. Двобој орлова на Питер Таусенд, Бревијар на германскиот мистицизам (wtf беше поглавјето каде објаснува што е Светото Тројство?! Цитирам: “Августин вели дека во Божественото Отецот е Извор на Синот и на Светиот Дух. Дионизиј вели дека во Отецот постои истекување на Божеството, со кое природно се поврзува Себе со Зборот или со Синот. Тој исто така слободно и со љубов се излива самиот во Синот; и Синот се излива слободно и со љубов во Отецот; Оваа љубов на Отецот кон Синот, и на Синот кон Отецот е Светиот Дух” итн итн. Уште повеќе ме збуни од првиот пат=).
Во план ми се Во потрага по загубеното време на Марсел Пруст, колку и години и да ми требаат, Куранот и по малку Гете =)

Засега толку, ама осеќам дека има нешто што заборавив. Fuck it, и онака постов испадна долг… Damn!

Thumb default
RideTheLighting
2 Ноември, 2008

Штотуку ја забршив со читање Пеколот од Данте Алигери и ми остави силен впечаток па во таа прилика ви ја препорачувам да ја прочитате.

Thumb default
Anares Halana
2 Ноември, 2008

Интегралната верзија на “Божествената комедија” е далеку подобра отколку само “Пеколот”. Ова го викам и со причина плус што неодамна излезе во македонски превод, и според мене, “Чистилиштето” беше многу поинтересно од “Пеколот”, ама океј, зависно од вкусот.
“Рајот” го презирам затоа што никако не можев да се помирам со фактот дека Данте ја сместил љубената Беатриче на небесниот трон, како олицетворение на сето земско совршенство, додека Платон и Аристотел, само затоа што не биле крстени, беа оставени да скапуваат во пеколот… I mean, wtf?! Ама не може да му се земе за зло на Данте што живеел во такво време и бил затруен од духот на христијанството…

Thumb default
MET@LIAN
2 Ноември, 2008

Убиство во викаријатот-Агата Кристи
Во едно мало место никој не е поомразен од генералот Протер.Локалниот викар изјавува дека смртта на Протер би донела мир во тоа мало место,и граѓаните би живееле многу подобро.Потоа Протер е најден мртов и две лица го признаваат убиството,но со многу различни приказни.Останува на досетливата Г-ѓа Марпл да го реши случајот и уште еднаш да ја искористи својата интелигенција за доброто на општеството.

Thumb default
Anares Halana
6 Ноември, 2008

“Мартин Идн” – Џек Лондон, за тие што не се баш по читањето.
“Небесен клуч и разговори со ѓаволот” – Лешек Колаковски.
Ако некој сака да ги чита овие книги, слободно нека ми пише, би била повеќе од среќна ако можам да му помогнам=)

Thumb default
Asid dollHouse
29 Ноември, 2008

“Animals farm”-mora da ja procitas.Prekrasna kniga.Procitaj ja i ke vidis.

Thumb default
Hopeless_Soul
4 Декември, 2008

Кротка-Достоевски
Сидарта-Хесе
Будење-Де Мело

Екстра книги шо на секој му ги препорачуем…Ќе ве натераат да размислувате за суштината на животот..=)

Thumb default
Anares Halana
4 Декември, 2008

:/
А ако едноставно не ви се размислува, читајте ги комедиите на Русомир Богдановски.