Интервју со Furion

Интервју со Furion

1. Здраво Калин, што се случува?

Убави работи!!! Се спремаме активно за концертната промоција на нашиот деби албум Тhrashing Folks, заедно со кичевчаните Raven, битолчаните Skullcrush и нашите пријатели Мартин и Матеј алијас Spewn. Проби, дружби, ракии и нормално неизбежната кореографија на сцена ( оваа свирка целиме на нешто измеѓу кореграфијата на Backstreet Boys meets Cannibal Corpse – Hammer Smashed Face Live.)
ИСТО ТАКА \m/ \m/ како и \n/ (металец без еден прст) се случува секој ден ЦЕЛ ДЕН!

2. За почеток, кратко претставување на бендот и неговите членови.

Furion сме една багра која постои од 2007. 3-ца Орцаши, кои што најдоа еден Корчагинец и еден Каревец ( или Каревчанец, како и да е правилно) кои решија да свират треш метал кон крајот на школската 2006/ 2007 – негде јуни.
Имено Иво Павловски и Милан Тасевски на гитари, јас на вокал, Анте Гулин на бас, и Марјан Сребров на тапани, функционираме во ист состав од 2007 до сега. Твориме веќе 6 години заедно, сме поминале низ многу периоди, сито и решето на личен и бендски план, но сѐ се исплатува кога ќе се качиш на сцена за да рокаш и да го правиш она што го сакаш.Деби свирка ни беше 5 години МК МЕТАЛ заедно со Mindfist, Warnament и мајкоебените Mortality кој што би сакал да направат камбек!
Сите тераме свои филмови на страна, работа, боречки вештини, градење Custom чопери, други бендови( Иво моментално е дел од бенд наречен Стагнатор- наскоро ќе видите дрзок деструктивен метал со добро позната багра- хинт МААААААЛЦЕ подрски Bill Skins Fifth), но прво чедо на сите ни е Furion, и има посебно место во нашите срца, особено моето пошто е проширено од јадење масти.
Би лажел кога би рекол дека нон стоп праивиме проби и сме убер активни на план комопнирање , но сепак сме активен бенд кој што твори,прави нови песни, другарува и обожава да свири на сцена.

3. Во 2009 година свиревте на Wacken, како дојде до тоа и раскажи ни малку за целосната атмосфера на фестивалот.

Wacken ( или металскиот аџилак како што љубам јас да го викам) е мајкоебено прекрасно искуство кое што му го посакувам на секој љубител на underground музика!!!!
3 дена ЛУДИЛО. Беспрекорна организација, одлични луѓе од цел свет, отворени за муабет, разбивање стереотипи , пиење на Јегермајстер кран 70 метри во воздух, сите мераци од област на штукање, crowd surfing и слично што ми се десија <3 <3 <3.
Таму стигнавме бидејќи бевме победивме на WOA Меtal Battle во Скопје ( настан во кој што не влеговме првично, но бијдеќи Лелек решија да се откажат, влеговме), па потоа и во Бања Лука на истиот настан победивме, и отидвме на WACKEN OPEN AIR . Наш став е дека уметноста не треба да е цел на натпревар, но сепак бевме помлади, а нормално и желни за да свириме на WOA, што и (сѐ уште не можав да поверувам) ни се оствари.
Лично, мене ми е многу мило што делевме сцена со супер бендови, нормално свиреме на WET т.е. најмалиот стејџ но сепак беше ебено најдобро. Што се однесува до нашиот настап јас сум презадоволен од публиката , која што поради заврнување на дожд беше околу 1000 и кусур луѓе. И тие случјано собрани луѓе нѐ прифатија одлично!
Ние можеби и можевме подобро да исвириме, но сепак бевме млад бенд, недоволно увежбани и посрани од среќа и трема 

4. Неодамна го издадовте вашиот прв албум, пофали се, слободно!

Thrashing Folks излезе на 22ри февруари за DIEHARD Records. Едноставно сме пресреќни, работевме долго , како на снимање и продукција ( безрезервна поддршка имавме од Ивица Јанкуловски Штраф – нашиот продуцент и пријател ЧОВЕЧИНА) , така и на издавањето. Албумот е прифатен одлично сега за сега, 150 копии продадовме само на промоција – што е одлично за наши услови, а верувам ќе биде и подобро за вториот. :D

5. Како дојде до соработка помеѓу Furion и Diehard Records? Кои се DR и каква е соработката со нив, дали освен издавањето на албумот планирате да ја проширите соработката?

Diehard records and booking се добро познати момци на сите нас и вас. Диме и Климо од Hardfaced, и Џоле и Баге од Smut, после долги години соработка и органзирање настани решија да се обединат под името Diehard. Донесоа тон бендови, а и тек ќе носат.
Соработката се роди на 6 јуни 2012 – после коценртната промоција на Last Hope т.е. нивниот последен албум More than ever, заедно со нашите другари Mindless Violence. Mомците ме прашаа што планирате за албум, јас реков уште не знаеме, ама можно е и Free Download. Тие се понудија да ни го издатат, т.е. да ги превземат сите финансиски одговорности околу тоа. Ние, посрани од среќа, нормално прифативме.
Што се однесува до понатамошно соработка секако дека ќе има нормално дека ќе има, долгогодишни пријатели сме. Да имав по 20 денари за секој викенд што сме пиеле со Диме и Килмо до сега ќе купев студио за снимање меки еротски филмови. Шега на страна сме соработувале и пред тоа, нормално дека ќе продолжиме, дали издавање , дали концерти, не е важно, важно е што сме тука едни за други. (Ова не е цитат од 10 things I hate about you жими све).

6. Паралелно со издавањето на албумот снимивте доста квалитетен спот (визуелно). Каде го снимавте, со кого и каква порака треба да ни пренесе спотот?

Спотот го должиме единствено на посветеноста на нашите пријатели кои го оставија тој сон. Имено, Симон Кипровски наш пријател ни дојде со идеја да снимаме спот, ни ја предложивме песната Queen of Thiеves како интересна приказна , тој рече супер. Тоа беше зимата 2012. И сето тоа остана на муабет. Август истата година Симон ни се јави и ни рече- „ Дечки за 2 недели снимаме спот, имам собрано цела екипа“. Ние рековме FUCK YEAH! И така со помош на Симон, Богдан Јончевски, Стефан Палитов и Кристијан Теодоров на камера, продукација и режија, Сандра Кипорвска на шминка, Маја и Таруно како главни глумци, Иво Димитровск на badass специјални ефекти, како и едно 15тина наши пријатели кои послужија како статисти, направиме спот. Бескрајно сме благодарни и на Aqvarius Desigh т.е. вујко му на нашиот Иво( кој што патем и и го монитраше спотот) за камерата која што ни ја позајми. Затоа имаме боље HD од ДНК и Тони Зен : :* :*
Во однос на пораката нема конкретно никава порака од политичко-идеолошки карактер. Приказната е безвременска- млада, убава, талентирана и лоша девојка му доаѓа на младиот дибек богаташ- му ја краде душата, парите , накитот , тапијата од нива и му се сере на перница пред да се разбуди дибеков, а она си отишла сабајлето да фати 57ица за на работа. 

7. Ме интересира објаснувањето на Furion како збор и кога сме веќе на таа референтна точка, каде се движат Furion текстуално, филозофски, политички, идеолошки…?

Furion доаѓа од Маlfurion Stormrage алијас Sh’ando Stormrage кој што е најбедeс карактер во игрица некад. Warcraft 3 -Reign of Chaos и Frozen Throne. Сам ги истепа лошите, алал вера.
Генерално гледно не сме бенд кој што многу сака да попува, што не значи дека немаме сопствени ставови и мислења за општеството, религија, философија на живот и слично.
Ако идеолошки треба да се разграничуваме, слободно би рекол дека како бенд во рамките на политичкиот квадрант сите би биле центар накај лево, освен јас кој што знам да бидам и малце накај десно, а друга страна и малце полево за некој работи. Комплцирано е.
Даваме критики за некои работи што ни сметаат во нашето општество, но не сакаме, особено јас преку текстовите не сакам да им сугерирам и наметнувам став на луѓето. За мене лично искуството е сѐ во животот и ставовите ги градам преку него. И би сакал тоа да го прават и другите и да нѐ судат за оние кои имаат различен став.

8. Ви ги расчепкував текстовите од албумот “Thrashing Folks” и се задржав на три песни. Ме интересира која е „Кралицата на крадците“? Точно е дека живееме во ера на „Сина неправда“, но каква е нашата правда, како ја замислуваш правдата без „Сината неправда“? Има ли некаква поврзаност помеѓу „Сина неправда“ и „Baseball Bat Vendetta“?

Queen of Thieves e oбјансета погоре- ја има низ цела Македонија, особено се манифестира како убава студентка од Источна Македонија.
Сина Неправда- СЕКОЈ ДЕН ЦЕЛ ДЕН!!! Додека за едни важат едни правила, за други важи пендерек по грб. И сум го осетил тоа. ПОВЕЌЕПАТИ.
Мислам дека потрула и одвратна организација од нашата полиција НЕМА! Ги мрзам како концепт, а да не ни почнувам за корупцијата, срањата, крвта и ударите што ги имам посведочено во животов ( нема толку ИНТЕРНЕТ!!!). Генерално бендски гледано не сме толку меркалии на џандари, ама јас особено ги мрзам.
Што се однесува до нашата правда, како што е ситауцијава деновиве, треба да се постигне via Baseball Bat Vendetta дефинитво. Ако некој зема пари од данокот кој што јас го плаќам за да не ми ја овозможува мојата безбедност, тогаш и јас треба да ја загрозам неговата – барем по мене.
А Baseball Bat Vendetta сама по себе, е badass риф кој што го направија нашите гитарсисти, а јас се убацив со текст кој што го напишав после тестостеронски наплив по дигање тегови и мрзење на македонската новинарска елита.

9. Какви се идните планови на Furion?

Проби, нови песни за нов албум, и се надевам оваа пролет да направиме една мини турнеја низ Македонија – Битола, Прилеп, Штип, Тетово за да го промовираме нашиот деби албум Thrashing Folks.
Aко фатиме некое фестивалче летоска ТОП. Исто така би било фино една мини балканска турнеја ако се органзираме септември, окотомври.

10. Веќе извесно време труеш дел од јавноста со твојата емисија „Хроники на подземјето“ на Студент ФМ? Каков е концептот на емисијата и дали мислиш дека има некакво влијание врз одредени кругови на луѓе? Има ли некаков фидбек сето тоа?

Сѐ што сакам е да ја поддржам оваа прекрасна underground сцена, овие луѓе кои творат и го сипуваат своето срце во рифови, стихови и слично. Најверојатно Хорниките ќе оди уште март 2013 на Студент ФМ, но не значи дека ќе престанам да се трудам да ја поддржам сцената. Ќе правам блог, подкаст, што и да е. Ќе барам нов медиум за Хрониките.
Во однос на влијание мислам дека е ок што луѓето имаат место каде да слушнат квалитетна домашна underground музика од сите праваци, освен електронската музика бидејќи стварно не ја пратам и знам. А позитивен фидбек имам еден купи. Малку луѓе ја слушаат емсијата, но ценат. Ценат што колку толку има медиум каде да се изразиме ние одметниците од општо прифатените норми на ВМРО согласна музика, инди рок чавече, и остали кич и шунд.

11. Колку е важно една сцена да има сопствени медиуми? Ете, „Хроники на подземјето“ е еден вид медиум, мислиш ли дека тоа придонесува за некакво суштинско сценско помрднување?

Да се занесувам дека правам нешто многу особено за сцената со Хрониките, нема. Но сепак се случува нешто, медумски се мрда од мртва точка. Има и многу дечки и девојки што се бават со блогови и DIY фанзини и слично, што исто така мајкоебено храбро и супер.
Сметам дека во иднина би било одлично, и ќе направа сѐ што можам, да се добие на масовност на медиумите кои ја следат underground сцената. Нам не ни требаат насловни страни и СВЕТ, Крема или Фаци, нам само ни треба искрена и констуртивна критика, како и промовирање на настани. ТОЛКУ.

12. Можеш ли да направише една кратка класификација на позитивните и негативните аспекти на домашната андерграунд сцена? Позитивни и вредни настани и случки и бљувотината на другата страна.

Позтивни страни- Соработка, другарство, прекрасни бендови кои творат, заедништво, прифаќање на сите луѓе без разлика на тоа колкави говнари се, или колку и да се смрдени металци и панкери.
Настани еден куп, особено задњиве 2 години ко што тргнаа да работат Diehard, и Цобе, Зиле, Топче и таа багра. Мој фаворит Теrror, Take Offense И МАЈКОЕБЕНИТЕ DEATH BEFORE DISHONOR а Бога ми и ЕXODUS!!!
Негативни страни- немање клубови и места за свирење!!! Никој не дава гаражи веќе, простории има чат пат. Kлубовите коштаат ѓаол ипол, МКЦ уште повеќе, финансиски предизвик е тотално. Исто така од негативни страни би извдовил и некое егче(деминутив од его, не сленг за јајца) ваму таму што знае да проигра и да промрси безпотребно, ама фала Богу ретко се дешава.

13. Дали Исус и Алах беа пијани или издрогирани кога одеа да гласаат на избори? (Знам дека Сатаната ги лажираше изборите, а Буда не можеше да гласа затоа што беше малолетен)

Да од сигурни извори го знам ова. Но сепак лажирањето на изборите не беше дело на Сотоната туку беше дело на Живко ( шоферот од 57ица, своевремено одличен welter weight боксер.)

14. Ако пропуштив да те прашам нешто (а сигурно е така), тогаш бујрум, олесни се.

Ништо не пропушти, прекрасен избор на прашања .
Само уште еднаш да спомнам на 22ри во Хавана Furion го промовираат Thrashing Folks со поддршка од нашите другари Raven, Skullcrush и Spewn.
ВЕТУВАМЕ ЕБЕН МЕТАЛ, РАКИЈА И ЦИЦКИ!!!
Дојдете, поддржете ја локалната сцена, уживајте во концерти, дружете се без разлика на жанровска или идеолошка или каква и да е друга определба и забавувајте се !!!

P.S.

http://www.facebook.com/FurionMkd?ref=hl
Нашиот Фан пејџ на Фејсбук.

http://www.youtube.com/watch?v=-FmDC3f2HzY
Нашиот спот за Queen of Thieves.

http://www.facebook.com/diehardbooking?fref=ts
Diehard Booking and Records.

http://www.facebook.com/events/149079378586875/permalink/149419891886157/?notif_t=like
Евентот за 22ри март.

Ние сме Furion, а вие читате МК МЕТАЛ \m/ .