Интервју со Mortal Torment

Интервју со Mortal Torment

1. Здраво Јанис, што се случува?

Сè е во ред, пијам пиво и гледам како поминуваат глупави луѓе. Имаме многу такви овде!

2. Дали Јанис се шегува кога е сериозен или е сериозен кога се шегува?

Всушност, по малку од двете… Да бидам попрецизен, ми недостасува вистинска смисла за хумор, но исто така мразам да бидам сериозен. Па, некаде помеѓу, зборовите го губат своето значење, ха ха!

3. Во ред, ајде да ги претставиме Mortal Torment. Основните информации за тебе и бендот!

Ааааахххх, види, треба да знаеш кои сме ние, сè што треба да знаеш за нас е дека ние доаѓаме од вселената, од далечна галаксија. Порано бевме вселенски крави, но се претворивме во луѓе кога нашиот брод слета на земјата. Анастасис, Стериос, Алекс, Џорџ и Јанис не се од оваа планета! Ние сме Mortal Torment, всушност ние овде сме на тајна мисија…

4. Што правиш друго, освен Mortal Torment? Гледам дека се занимаваш со уметност, објасни малку повеќе…

Да, јас сум графички дизајнер. Уживам да работам со бендови и музичари од различен музички жанр. Тие ми дозволуваат „да ја облечам“ нивната музика со моите креации. Тоа е нешто што навистина го сакам и планирам да го работам сè додека дишам! Дел од тоа можете да видите “тука”: https://www.facebook.com/RemedyArtDesign ! Благодарам за прашањето, ха ха ха!

5. Не слушам многу brutal death metal, но морам да признаам дека вашиот звук е многу добар. Зошто го одбравте овој музички жанр како израз?

Јас слушам многу различна музика, музика што може да биде саундтрак за секој момент од мојот живот. Може да биде тивка, брза, бавна, емоционална… Но, кога станува збор за тоа што сакам да го свирам, тогаш тоа е насилно и бесно. Тоа е здрав начин за да истакне негативноста. Бруталните свирки можат да бидат пеколно забавни, добра, пријателска и насилна забава токму како што велат Exodus, па затоа тоа е природно за нас. Тоа сме ние, на некој начин. Мило ми е што ти се допаѓа нашиот звук.

6. Кажи ми нешто за текстовите, насилството и бруталноста се евидентни, но кажи ни дали има некаква позадина кога станува збор за овој пристап?

Нема некаква длабочина… Јас сакам страшни филмови, хорор, приказни со преживување. Навистима, нема никаква длабочина тука. Само gore и mutiliation, но тоа не значи дека сме зомби со празни мозоци. Нашата текстуална тематика еволуира околу убиствата, бизарните убиства и самоуништувањето. Се надевам дека ќе ви се згади кога ќе ги прочитате нашите текстови!

7. Што мислиш за метал медиумите (фанзини, магазини, веб страници)? Колкав дел отпаѓа на нив, кога станува збор за развојот на светската сцена и дали мислиш дека тој дел е доволно развиен кај вас?

Јас навистина не обрнувам големо внимание за тоа. Ценам кога ќе видам рецензија за нашиот албум или за некоја свирка, но тоа нема да го дефинира бендот. Има многу преценети бендови кои едноставно имаат средства за добра промоција… Исто така, гледам многу млади (на возраст од 17-18 години) кои пишуваат рецензии за албуми што не ги познаваат… Не знам, деликатно е. Од друга страна пак, можеби серам без причина. Фанзините се „антички“ средства за информирање во метал светот, па едноставно ги почитувам оние што ги прават од љубов.

8. Колку ја познаваш сцената од регионот? Дали познаваш некои бендови или можеби сте соработувале? На пример, дали знаеш нешто за нашата сцена?

Ги знам само Formless Terror, killer brutal death metal act. Тие издадоа албум преку Sevared Records пред една година или така нешто. Многу добар материјал! Мора да ги сакате!

9. Твоите гледишта за политиката и религијата?

Политичарите се ѓубриња и ја заслужуваат најлошата судбина. Религиите се коренот на сето зло. Јас сум безбожен.

10. Што мислиш за левичарското и анархистичкото движење во Грција? Дали мислиш дека тие играат витална улога во социјалната борба за подобро општество?

Не сум сигурен што да кажам за ова… Мразам кога луѓето стануваат насилни во реалниот живот, тоа е сигурно. Од некоја причина десничарските партии зајакнаа во изминатата година и тоа е нешто што многу го мразам. Нацистичките заебани глави се луѓе кои ги мразам. Левичарите се уште треба да се докажуваат… Се што знам е дека луѓето сакаат да се етикетираат како левичари, анархисти, горди националисти… или што и да е, Јас не припаѓам во овие групи. Ја поддржувам солидарноста помеѓу луѓето, тоа е сè.

11. Колку сте концертно активни? Дали сте свиреле надвор од Грција?

Свиревме на многу концерти во изминатите 2 години тука. Сè уште не сме свиреле надвор од Грција, но ќе свириме во Шведска во октомври оваа година и многу сме возбудени заради тоа. Концертите нè одржуваат во живот, во основа ние сме бенд за во живо и го обожуваме тоа!

12. Соработувате со Coyote Records. Како дојде до оваа соработка и дали сте задоволни со нивниот ангажман околу Mortal Torment?

Бендот беше во контакт со издавачот пред да дојдам во бендот во 2008 година, па издавањето на нашиот албум дојде природно и следствено. Задоволни сме со работата на Димитри, тој нè поддржува сите овие години!

13. Неодамна направив интервју со Karma Violens, што мислиш за нив како бенд?

За тие копилиња? Ги сакаме! Тие ни се лични пријатели, сме свиреле заедно иако свириме различен музички стил, секоја свирка беше одлична, барем тоа го мислиме ние! Нивниот прв албум беше одличен и сигурен сум дека нивниот следен албум ќе ви ја растргне душата на делови! Подгответе се!

14. Што прават членовите надвор од бендот?

Ах, ние сме идиоти, се шетаме наоколу, јадеме месо, пиеме флуиди во различни бои, без некаква причина, гледаме „мрднати“ филмови… Знаеш, вообичаени работи. Стериос и Алекс свират во Litrosis, Јас имам уште два проекти (Procreate, Pester the pure), Анастасис работи на сопствен crust проект и нашиот тапанар свири во неколку бендови.

15. Планови за иднината? Дали планираш да се посереш или да повратиш по ова интервју?

Се испосрав претходно, па нема повеќе материјал што би можел да излезе низ оваа дупка. Планирам да спијам. Доцна е! Со Mortal Torment работиме на нашиот втор албум, веќе имаме подготвено 4 нови песни . Се надевам дека ќе ти се допадне срањето, досега звучи бомбастично!

16. Пред да пуштам вода, сакав да кажам дека додека го гледав вашиот спот, се израдував кога девојката се спаси на крајот, но зошто моравте да средите да ја убие автомобил на улица на крајот од спотот?

Мило ми е што ти се допаѓа спотот! Одговорот е многу едноставен: Никој нема да преживее, токму како што се вели во текстот од песната “Chainsaw Revenge”.

17. Сè најдобро, нафрли неколку завршни зборови…

Големо „благодарам“ за оваа можност брат, се надевам дека ќе свириме кај вас некој ден и „ќе се уништиме“ заедно! Мир, љубов и респект за сите! Ах да, и цицки!

Интервјуирал: Алек