Интервју со Raven

Интервју со Raven

Raven се треш метал бенд од Кичево. Зад себе имаат едно издание, солидното демо „Agony“ кое се појави во 2007 година.

1. Здраво Мачор, што се случува?

Здраво Алек, не се случува ништо посебно, возиме до кај возиме бате ))

2. Што се случува со Raven, издадовте демо во 2007 година и толку, заглавивте?

Да издадовме демо во 2007, од тогаш навака можда сме стагнирале на издавачки план, но никако тука не заврши приказната, бендот се бараше себеси кроз времето, го бараше саундот така речено :D :D :D и го добиваше пополека, се работеше на нов матерјал, следеа неколку свирки и така.

3. Зошто демото имаше само три песни? Каде и како е снимено?

Од неколкуте песни што ги имавме тогаш се одлучивме на тие три, ваљда сакавме да споделиме побрзо она што сме го работеле, да и мафнеме на сцената :D Демото го снимивме во Кичево во студиото на Славе Викторијоски.

4. Не се сеќавам кога и каде сте свиреле последен пат, потсети ме.

Последен пат свиревме во Хавана, кога нашите дугари од Furion правеа промоција на нивниот албум Thrashing Folks.

5. Планирате ли нов материјал, конечно студиски албум, свирки, можеби спот?

Нешто се готви, некој палачинки се вртат хехеххе, се што прашуваш е на пат, албумот е при крај, се надеваме дека што може поскоро ке го издадеме, има уште некој завршни работи кој ке го комплетираат, поради обврските на членовите од бендот загубивме маце на време…. но што е тука е :D Спотот е веке снимен, исто за него се погрижи студиото на Славе Викторијоски, кај да е ќе се доролова, ке се монтира и ке биде за брзо споделен, околу свирките ја знаеш и самиот ситуацијата, секој бенд сака да настапува, до сега ретко сме одбиле свирка, скоро никогаш…. но свирките како да намалија кај нас не?

6. Што се случува со кичевската сцена, имаше некакви никулци ама…?

Имало.. па немало, па имаше… е сега што се случува поконкретно нема начин како да се објасни, имаш врв, средина, дно, епа покопај уште малце надолу, ако нема ништо уште малце покопај :D :D :D Шала настрана, ситуацијата општо во Македонија е лоша… за жал, изменето е доста после толку години, сега на памет ми дојде дека порано имаше луге што се бунтувааа и пишувааа за тие кој не идат по свирки Скопје туку седат и пијат в’парк, и не ја поддржуваат сцената, сега ни тие повеке не пишуваат, тоа кажува многу :D

7. Со што се занимаваат членовите на Raven, надвор од бендот?

Како сите така и ние братче се занимаваме ме разбираш? Праеме ситуации, кој по работа кој по факултети, некој овде, некој Скопје,некој Битола… секој си има активности, како и да е ке дојде зима и тука нема бегање, идат ајварите, дрвата… зима-сиромаштија, нема тука трте мрте :D :D :D Занимација :D

8. Какви теми обработувате во вашите песни?

Теми од секојдневниот живот ние обработуваме во нашите песни, она што е реално, па и не реално… што може да се случи и се случува, болката е голема, црнилата си се сегде… мракот ке си дојде сам по себе… и се спушта лека полека, и се знае…. коски и гробишта!!

9. Долго време си во металот, што мислиш колку е сменета домашната сцена во последниве десетина години? Имавме експанзија, а сега некакво смирување, што мислиш зошто е тоа така?

Па ете пред малце нели за тоа зборнавме, во глобала немам ја некое детално објаснување… и којзнае дали некој има, доколку има нека каже што се деси поконкретно, пошто ете и сам знаеш и ќе те поправам не е ова смирување туку катастрофа за разлика од дешавките што се дешаваа кај нас пред неколку години. Мое мислење е дека тие што кај нас беа млади и упорни и беа локомотивата сега се стари, можда не се уморни ама ја немаат енергијата од некогаш да ги влечат вагоните, а тие што требаше да ја наследат локомотивата или се лоши шофери, или па незнааат да возат :D Или па двете? Како и да е младината што требаше да ја вози сцената изгледа немаше мадиња да го прифати металот, и тука нашиот вид исчезнува глатко, немаме поколенија пријателе.

10. Моментално на Metal Archives има податоци за 80 македонски бендови, веројатно има уште еден куп кои не се „регистрирани“ на истиот сајт. Според тоа излегува дека бројката не е мала, а немаме никакво суштинско раздвижување, ни недостасуваат ли издавачи и медиуми?

Во тие бендови регистрирани на сајтот има и активни и неактивни бендови, или hold статус, али си треба тоа што викаш ти, убаво е се да имаме, убаво е и да има кој да го прочита интервјуво, и сите минати и идни интервјуа, убаво е кога има кој да дојде на свирки, и кој да купи ЦД, мерч, и сл. Тоа е тоа што мислам дека недостасува :D

11. Според тебе, кои домашни бендови оставија трага на метал сцената? Кои домашни бендови ги цениш?

Ги ценам сите бендови наши домашни кој работат, кој се трудат… се упорни не се предаваат, жртвуваат…. се трудат да не напраат булшит, туку да напраат нешто квалитетно, сите бендови оставија некоја трага на метал сцената во Македонија, кој помалку кој повеке ама оставија… ако почнале Orion и Санаториум, не се единствени… имаше значи бендови кој наставија, и сите ќе остават подеднакво траг, после многу години ќе има еден голем кош :D

12. Какви се вашите (не)религиозни или (а)(анти) политички ставови? Дали тие се дел од Raven и на кој начин?

Оперирани на некој начин од тие работи… секој си има индивидуално свој став, не се мешаат со бендот, барем така е за сега :D Против лајната сме во секој случај, и се што смрди, и не мириса убаво.

13. Што мислиш за реоформувањето на бендовите (без разлика дали станува збор за домашен или странски бенд), дали е тоа искрено или лукративно?

Зависно сигурно од бендот кој им се намерите… Carcass земи ги пример, за Swansong имаат потпишано лукративен договор со Columbia Records, ама ете подоцна е издаден од Earache, сега Nuclear за кратко во Септември ке го издаде Surgical, како и да е парталници, парталници :D A ако праат реунион Металика ке биде тоа за многу пари, со 0% искреност, чекај само нека се распаднат прво, нека снема шампањ и базенти ;)

14. Obiturary неодамна започнаа кампања за собирање средства со кои ќе го издадат својот следен албум, што мислиш за тоа?

Кога ја прочитав статијата никако не изреагирав, омиленд бенд ми се со кој сум растел… лекција за deathmetal се, после Frozen In Time за мене завршија тука, незнам дали се единствени што бараат помош од фанови за издавање на албум, али тоа не е начин, убав коментар имаше на дискусијата, ќе разберев за некој новопечен бенд, ама за бенд кој креира музика 30 години… малце е и нелогично, ако толку бендот нема пари а сака да го сними албумот, има и други начини освен збирање пари од фанови, тоа го гледам како последна солуција. Да фатат да цепат дрва ќе ги соберат парите за помалку од две недели, барем нема да се срамат и нема да ги праеме сега муабет, а сега се во ситуација на негативни и позитивни коментари, и самите се ставени во ситуација некој да ги прави муабет.

15. Какви се плановите на Raven за преостанатиот дел од оваа 2013 година? Планирате да дојдете наваму на свирка?

Сега најбрзо што ќе испадне ќе биде спотот, и неговото промовирање, ќе се работи на албумот секако, а за свирка секако дека планираме било каде, прва прилика и се гледаме, хехехе.

16. Ако нешто испуштив да не те прашам, а сакаше да го кажеш, слободно испукај се! Па, да се сретнеме во овој формат кога ќе издадете албум!

Exodus беше најдоброто што можеше да се случи последниве неколку години кај нас, и браво што се случи и што беше толку јако, ни требаат такви работи, ти благодарам за интервјуто, поздрав до сите, се гледаме во наредна прилика!

Интервјуирал: Алек