Интервју со Reactory

Интервју со Reactory

Reactory ги гледав првпат во 2011 година, во гаражите кај Веро. Потфатот беше на Ифо. Свирката помина добро, но после свирката работите станаа алкохолно турбулентни. Во меѓувреме свиреле во Скопје и вторпат, но не знаев. Се надевам дека ќе дојдат повторно, а во тој случај топло ви ги препорачувам и за слушање и за дружење.

1. Здраво момци, што се случува?

Здраво! Фала, добро е. Во моментов пиеме ледено пиво.

2. Некои од луѓето тука ги знаат Reactory, но за останатите, претставете го бендот.

Четворка од Берлин, сакаме да свириме бучен и брз метал и понекогаш пиеме и пушиме.

3. Ве гледав во живо првиот пат кога свиревте тука, но не можам да се сетам на годината… Мислам дека беше 2011, но исправете ме ако грешам. Се сеќавате ли на таа свирка? Се сеќавате ли колку алкохол испивме вечерта?

Во право си. Мислам дека беше 2011. Се сеќавам на сè што се случуваше вечерта. Беше забавно да се свири во гаража во Скопје и да се испијат многу пијачки во парк. Потоа, бевме во кафуле и сигурни сме дека испивме многу алкохол со многу добри луѓе.

4. Да се отрезниме. Reactory се бенд од Германија кој постои околу 7 години со 4 изданија како „портфолио“ (едно демо, едно ЕР издание, два албуми). Дали мислиш дека можевте да направите повеќе?

Се обидуваме да бидеме продуктивни колку што е можно. Секогаш може повеќе, но задоволни сме од реализираното.

5. Во Скопје свиревте уште еден концерт. Кажете ни повеќе за тоа, како се случи двапати да свирите во Скопје?

Во 2011 година имавме турнеја низ југоисточна Европа. Беше супер да се патува и да се свири. Стекнавме многу пријатели. Па, беше само прашање на време кога ќе се вратиме. Најпосле, во 2014 имавме уште една турнеја. Не сакавме да го пропуштиме Скопје, зашто претходно си поминавме одлично.

6. Вашиот најнов албум е „Heavy“, кој излезе 2016 година предку F.D.A Rekotz (истиот издавач кој соработува со Master). Кажете ни повеќе за новиот албум. Дали има некакви промени (музички, можеби текстуални?) во споредба со „High on Radiation“ од 2014.

Да. Новиот албум го направивме за околу 7 или 8 месеци, но овојпат, песните имаа повеќе грув и не сакавме да го извлечеме факторот брзина од нив (зашто не можеме да свириме премногу бавно!). Во однос на текстовите, Ханц имаше поинаков пристап, зашто мислевме дека темите како војни, пиво и забави се премногу истражени, особено во треш металот. Низ главата му се моткаа старите митологии и потеклото на окултизмот.

7. Во право ли сум ако кажам дека имате многу турнеи? Кои делови од светот сте ги посетиле? Некои интересни случки што се случиле за време на турнеите?

Па, како што реков, постојано се обидуваме да свириме многу и ако има можност да се отсвират повеќе концерти ќе го направиме тоа. Да се патува и да се среќаваат нови и стари луѓе и можноста за промовирање на нашата музика е огромен дел од Reactory. Досега главно сме свиреле во европските земји, но би сакале да посетиме и други земји. Во врска со интересни случки, има многу чекање и досадување, но по толку концерти, се случија и луди нешта, не е лесно да се сетам на сè, но се сеќавам дека еден од нашите членови во очајна потреба од пиво се заклучи надвор од хотелската соба и мораше да чека додека да го пуштат внатре. Интересен детал е тоа што на себе имаше само чорапи. Глетката не беше пријатна.

8. Може ли да ни кажете нешто повеќе за вашите текстови? Од каде доаѓа инспирацијата?

Текстовите ги пишува нашиот вокал Ханс и иако во овој жанр е кажано многу, секогаш ќе има нешто на кое ќе го истураме нашиот гнев, со оглед на тоа што живееме во заебан свет. Инспирацијата главно доаѓа од тревата, од книги за виски (интернет).

9. Дали некои од членовите имаат (анти) политички убедувања?

Сите веруваме во фер игра, почит и љубов. Мир, братче!

10. Да позборуваме за вашите спотови. Не можам да се сетам дали сум видел слично видео од некој бенд како спотот за песната „Deep Tranquillity“. За што се работи? Доаѓате, седнувате, седите и на крајот си заминувате.

Идејата беше спонтана, но одлично се поврзува со текстот кој зборува за речиси заборавената уметност на седењето и опуштањето. Иако светот во кој живееме се движи премногу брзо, веруваме дека е важно да се знае кога треба да се забават нештата и да уживаме и да искулираме. Да нема забуни, тоа не значи дека треба да се биде непродуктивен. Се забавувавме речиси половина час седејќи во нашата населба.

11. Зошто избравте да снимите спот за „Eat The Rich“ од Motorhead?

Откако го снимивме „Heavy“, нашите другари од Soffocazzo сакаа да се забавуваме во просторијата каде што свириме и мислевме дека спотот ќе биде добар начин да го промовираме новиот албум, но и за да ја прославиме музиката и наследството на Леми. Ги поканивме пријателите и пиевме многу пиво. Местото сè уште има дамки од „крв“ на плафонот.

12. „Shell Shock“? Војна, дрога… што друго?

Тоа е името со кое се именува траумата што ја доживуваат жртвите на војната и, исто така, тоа е нашата анти-воена песна. Никој не победува во војна.

13. Нови видеа? Наскоро?

Постојано работиме нешто, но не можам да откријам детали.

14. Што правите во моментов? Дали сте на турнеја?

Во моментов се забавуваме одговарајќи ги прашањата од интервјуво со неколку ледени пива, а потоа ќе правиме проба. Неодамна се вративме од низа концерти низ јужниот дел од Германија и Швајцарија, па во следниве недели нема да патуваме.

15. Какви се плановите за нов албум? Можеби наскоро?

Работиме на нов материјал и едвај чекаме да го снимиме и издадеме.

16. Да ја завршиме бласфемијава. „Moral rules and instituions, I give a shit for your illusions“ – дали може да го објасните ова? Моралните правила и институциите со векови го тероризираат светот. Зошто не успеавме да го направиме светот подобро место за живеење ако моралот и институциите се сè подобри? Со векови страдаме од истите нешта.

Банките, религиите и владите ги управуваат корпорациите кои не прават ништо добро за луѓето. Парите владејат со светот. И не изгледа дека иднината е светла, за жал.

17. Тоа е се засега, се надевам дека повторно ќе се видиме. Последните зборови се ваши!

Благодариме за интервјуто, ги поздравуваме сите пријатели од Македонија. Интервјуто беше забавно и се надеваме дека повторно ќе свириме кај вас. Keep up the good rakija.

Интервјуирал: Алек