Интервју со Shock Troopers

Интервју со Shock Troopers

Како што веќе знаете, на Д Фестивалот со Sinister ќе настапат и Shock Troopers. Дознавме дека готват нов албум, но и дека имаат и други планови…

1. Од некои мистериозни и неразјаснети причини, прво интервју со Shock Troopers на МкМетал. Дечки, што се случува со бендот?

Моментално сме во процес на создавање нов материјал кој би требало да го снимиме оваа есен ако оди сè според планот и истиот да го издадеме до крајот на годината и подоцна да го презентираме на една европска турнеја.

2. Веќе една деценија сте присутни во просторот и времето со само еден албум. Зошто?

Затоа што сме неодговорни говеда.

3. Да се надоврземе… „Лешинари“ излезе 2013 година преку Diehard Records. Прво, како дојде до таа соработка и дали сте задоволни од потфатот? Второ, со оглед на тоа дека поминаа 4 години од албумот, како сте задоволни од „ширењето“ на истиот?

Со дечките од DIE HARD се знаеме одамна, така што соработката природно си дојде и целиот тој процес на издавање помина глатко и во пријатна атмосфера. Иначе, албумот помина супер, задоволни сме и се надеваме дека наредниот ќе помине уште подобро.

4. Да ни кажете троа повеќе за текстовите… Знам дека инспирацијата доаѓа од под „темните облаци“ ама ајде малку пошироко и поконкретно.

Текстовите се инспирирани од лични искуства и се еден вид исповед, а со тоа и издувен вентил како не би полуделе дополнително, притиснати од околностите. Верувам дека во нив, барем во еден момент, би можел да се пронајде секој човек што живее на овие простори.

5. Излеговте и надвор од Македонија. Каде свиревте и како поминавте? Имам другар во Белград кој ве гледал таму и беше мошне импресиониран. Некакви дружби од ваму-таму? Можеби некакви идни дилови (свирки, соработка)?

Имаме една европска турнеја зад нас, свиревме во Хрватска, Србија, Словенија, Словачка, Германија, Австрија, Унгарија, и поминавме солидно, со оглед на тоа дека ни беше прва турнеја и доста касно почнавме да ја букираме. Конакти остваривме доволно, и како што кажав, наредната година планираме уште една. П.с. Поздрави го другар ти од Белград и кажи му дека има добар вкус за музика. :)

6. Дали работите на нешто ново? Дали има некакви промени во екипата, во мајндсетот, во идеите, музиката?

Како што веќе напоменавме горе, спремаме нов албум. Екипата е иста од првиот ден и тоа нема да се промени, а мајндсетот, идеите и музиката се менуваат пропорционално со времето и нашите гледишта.

7. Спотче?

…Loading…

8. Во јули сте во Дојран, заедно со Sinister. Како дојде до тоа Shock Troopers да свират со Sinister?

Идејата беше на Зиле, ни објасни што планира да прави во склоп на ДФестивал и нам ни се допадна таа идеја и така падна договорот. Инаку поголемиот дел од бендот сме фанови на Sinister уште од мали нозе и многу сме возбудени што ќе делиме сцена со легендите.

9. Некакви очекувања од тоа збиднување?

Ние да си поминеме супер, а исто така и публиката.

10. Што следува после Дојран на концертен план? Можеби некакви дилови за свирки надвор од Македонија?

После Дојран мал одмор од настапи, а до крајот на годината промоција на новиот албум и воедно одбележување една декада Shock Troopers.

11. Вака, на приватен план, колку лешинарството е дел од вашите животи?

Не глодаат секојдневно.

12. Дали Оцетот наскоро ќе се жени?

Т’нко.

13. Последната реч е ваша. И, да се читаме кога ќе има нешто ново… Поздрав!

Благодарност до тебе Алек за одвоеното време и внимание истото се однесува и до сајтот MкMетал и се глеаме на 14ти у Дојран, поздрав!

Интервјуирал: Алек