Интервју со Tankard

Интервју со Tankard

Мислам дека Tankard е бенд кому не треба никаква најава. Сакам да ги пофалам за коректната и навремена комуникација, но она што воопшто не ми се допадна е обемот на одговорите во интервјуто. На крајот на краиштата, ако не сакаш да правиш интервју човечки е да се каже: „не“! Но, тоа е тоа, кажаното е пред нас.

1. Здраво момци, што се случува?

Сè е океј, се подготвуваме за почетокот на сезоната во Грција следниот викенд.

2. Кои пива ви се на менито деновиве?

Зависи што е достапно. Вообичаено ги претпочитаме локалните пива, а не индустриските.

3. Пивска препорака за нас?

Секако, но како ќе го набавите? На пример, Schlappeseppel или некои помали пивници во нашава област не се продаваат низ светот, но се многу подобри и од Хајнекенот и од Бексот.

4. Омиленото пиво на Танкард?

Бесплатното.

5. Пивски сте присутни повеќе од 30 години, па пред да скокнеме на прашањето, што ќе кажеш во врска со тоа? Нема многу бендови кои се постојано присутни на метал сцената ширум светот. Како успеавте?

Тоа е зашто го испуштивме вистинското време за да скокнеме, па сега ќе треба да продолжиме до крај.

6. Имајќи го предвид претходното прашање… Дали Танкард успева да преживее од свирење метал или имате секојдневни работи?

Сите имаме секојдневни работи и можеби тоа е причината зошто сè уште сме присутни. Немаме притисок дека мора да живееме од тоа. Требаше да свириме 150 концерти годишно ако се обидевме да станеме професионални, но свириме околу 30, што е доволно за стари прдежи како нас.

7. Дали може да се каже дека Танкард се хумористички дури и кога нештата се сериозни и сериозни кога нештата се хумористички? Дали мислиш дека тоа е еден од начините за да се насочи вниманието кон нешто?

Да, така е.

8. Имајќи ги предвид темите на вашите текстови од комплетната дискографија, од секојдневните проблеми на општеството до антифашизмот итн., какво е твоето мислење за експанзијата на десничарските движења? Нештата не се како што треба кога постојат организации како Пегида. Срањето е низ цела Европа. Што мислиш кои се причините за модерната десничарска експанзија?

Мислам дека не се работи само за Европа туку за целиот свет, но навистина не знам кои се причините. Можеби ксенофобијата?

9. Дали мислиш дека има надеж за „Механичкиот човек“ во денешно време? Дали мислиш дека Мехаинчкиот човек може да биде слободен еден ден или капитализмот сè повеќе му ги отежнува работите?

Мислам дека секој треба да си го најде местото и да живее ако сфати дека е невозможно да се промени системот.

10. “C’mon, cyber yourself away – it’s the real thing” – дали мислиш дека отфрлањето на сајбер реалноста значи чекор повеќе кон слободата? Согледуваме и чувствуваме дека сајбер просторот и сајбер суштината некако станува цел, смисла на постоење на цивилизацијата. Помалку се посветуваме на внатрешните состојби, помалку се грижиме за природата, помалку се грижиме да бидеме човечни, но затоа нашите цели се насочени кон поседување повеќе и повеќе нешта.

Да, ние го сфативме тоа уште пред 20 години…

11. Дали можеш да се сетиш на „Ед што живееше на малиот правлив ранч…“ „Живееше на Запад, Западот ги сјеба нештата, тој се налути и тргна кон Исток, но и Истокот го сјеба исто така… Дали сите сме „Ед“?

На еден или друг начин, да.

12. Дали останаа дискотеки од Франкфурт до Фриско?

Немаме професионална мрежа за да го контролираме тоа.

13. Извини, Гере, најде ли некој кому се допаѓа твојот стомак додека пееш?

Им се допаѓа на сите девојки… Тоа е само шега, се обидувам повторно да ослабам, прашај ме пак за неколку месеци, океј?

14. Кој е „Zero Dude“? Дали сè уште е жив и што прави?

Секогаш има некој што може да ти продаде сè. Без разлика дали тоа ти е потребно или не.

15. Види, Гере, ако „гласачите се единствените лузери“ (се согласувам) и ако „фактите немаат значење и ако суштината е измама“, тогаш како да се ослободиме од „Креаторите на фарсите“?

Да се насмеат и да се откажат.

16. Отсекогаш ме интересираше следново… Ако „не ви требаат кетеринг, бекстејџ луксуз и чисти хотелски соби“ дали може некогаш да ви се јавиме и да речеме, пријатели имаме пиво и разглас, дали ќе дојдете да свирите во нашиот град? Не сме богата земја, но можеме да компензираме со пиво.

Во случајов, ќе биде многу тешко да се најде датум зашто постојано сме зафатени.

17. Дали мислиш дека социјалните мрежи се злобна човечка мутација? Како што велите во „Arena of the true lies“?

Секој може да каже нешто што е правилно или не, но ако постојано се повторува она што е погрешно нема да стане правилно. Некои кажуваат погрешни нешта само заради забава, а некои веруваат зашто не знаеле подобро. Злобна мутација е добра фраза за тоа.

18. Тешко е да се заврши интервјуво ама да бидеме коректни. Вашиот последен албум „One Foot In The Grave“ е веќе излезен. Албумот е одличен и (како што сите очекуваат, претпоставувам) е тотално Танкард, хумористичен во сериозноста и сериозен во хумористичноста. Искрен треш метал и нема збор за тоа. Ќе додадеш нешто?

Се потрудивме колку што можеме, како и секогаш, и среќни сме кога им се допаѓа на луѓето. Секогаш има многу работа кога се снима албум и воопшто не е лесно кога имаш секојдневна работа, па затоа чувството е добро кога ќе се заврши и кога луѓето се среќни како нас.

19. Дали планирате некаква турнеја која би циркулирала блиску до Македонија, или којзнае, можеби ќе успееме да ве довлечкаме тука на некое пиво?

Ако добиеме сериозна покана ќе размислиме за тоа.

20. Сакам сосема искрен одговор на прашањево, а после тоа те ослободувам. Имајќи на ум дека џигерите ви се уништени од тони и тони пиво (се прашувам дали сè уште ги користите фабричките џигери?), каков совет ќе дадете, како заклучувате „ова е одлично пиво“? Кој е критериумот?

Прво, треба да биде во согласност со германскиот закон за чистота од 1516 година и, второ, вкусот да биде добар. Но, вкусот е субјективна работа, па нема единствено мислење за доброто и лошото.

21. Тоа е сè од мене, Гере, се надевам дека интервјуто беше забавно и дека мавна некое пиво. Сè најдобро. Можеби ќе пиеме пиво некој ден, зашто немој да мислиш дека не се сеќавам, „Even dead we’d drink with class“. Држете се до тоа инаку ништо од Танкард!

Даваме сè од себе… Ти благодарам многу за поддршката, се гледаме на турнеја!!! На здравје!!!

Интервјуирал: Алек