Интервју со Terrorvoid Promotions

Интервју со Terrorvoid Promotions

1. Спектаклот Sinister во Македонија, сам по себе е експлозивна новост. Прво кажи ни како дојде до тоа Terorvoid да добијат сцена на фестивалот во Дојран?

Здраво Алек. Со Terrorvoid веќе имаме два фестивалски обиди зад нас како што знаеш. Некое време се мислиме како и што да направиме за да имаме еден сериозно добар и успешен проект и бидејќи се познаваме со луѓето од Д Фестивал и Password production решивме да им пријдеме и да им понудиме соработка на нивниот фестивал во Дојран кој станува сè поголем и поголем секоја година. Идејата ни е конечно и Македонија да добие некаков еквивалент на Exposive Stage на Exit Festival vo Србија. На наше задоволство се согласија и DXtreme stage е производ на таа соработка. На бендовите ќе им понудиме врвни услови за свирење, а на публиката врвни бендови за комплетно уживање.

2. Која информација ја имавте прва, Sinister или стејџ на фестивалот? Како се совпаднаа работите?

Со Sinister веќе бевме во контакт за концерт во Скопје меѓутоа немавме ништо конкретно договорено. Па, решивме нивниот настап да го префрлиме во Дојран и да имаме сериозен headliner на D Xtreme бината на Д Фестивал.

3.Кои други бендови ќе настапат освен Sinister?

На сега веќе комплетираната листа на D Xtreme бината ќе свират Shell Shock, Trendkill, Shock Troopers I Sinister.

4. Како одеше договарањето со Sinister? Дали се „тежок“ бенд за договарање или?

Sinister се еден од најкултните и најценетите бендови на светско ниво. Очекувано е од бенд од таков калибар да биде малку тежок за договарање, но воопшто не беше така. Комплетно down to earth бенд со којшто е задоволство да се соработува.

5. Што може да се очекува на овој настан? Дали ќе ни кажеш нешто што не знаеме?

Нема што посебно плус да се додава за настанов. Едноставно е нешто за коешто со години се плаче во земјава дека недостасува. Комплетно underground бина на некој летен фестивал. Така што еве шанса да го направиме ова успешно и да обезбедиме вакви настани секоја година.

6. Ако има такви на кои нешто не им е јасно во врска со настанов, еве сумирај во неколку реченици (локација, време, карти, дополнително инфо).

Значи настанов ќе биде во Дојран на Д Фестивал на 14ти јули. Имаме D Xtreme бина на која програмата ќе почне во 17 часот и ќе трае до 21 часот. Карта за сите три дена е само 600 денари уште некој ден, после тоа поскапува.

7. За крај еден мал тизер… Што следува после Sinister?

Имаме некои сериозни планови и за после Sinister, но тоа не е уште 100 % потврдено така што не би зборувал за тоа сè уште.

8. Дали мислиш дека е крајно време на локалнава сцена да ѝ се случуваат настани на кои хедлајнери ќе бидат домашни бендови? Имајќи предвид дека во регионот тоа веќе одамна е практика, дали мислиш дека кај нас би имало позитивен импакт?

Па, ние постојано имаме локални свирки на коишто хедлајнери се домашни бендови. А, ако мислиш да се форсираат домашни бендови на концерти само затоа што се домашни не се согласувам. Во секој случај мислам дека сите комбинации се пробани и реалноста е дека имаме нестабилна сцена на која треба да се работи, но од многу аспекти не само од организирање концерти. За ова може друг пат да дискутираме, Алек, има многу што да се каже. Барем јас имам.

9. Ако нешто испуштивме слободно дополни.

Фала на интервјуто Алек. Се гледаме во Дојран.

Интервјуирал: Алек