Интервју со Steel Temple

Интервју со Steel Temple

Здраво Урош, одамна не сме се виделе. Што се случува?

Здраво Алек, здраво МКМетал. У моментов се случува ништо, сите по работа, чекаме одмори, и онака уживаме малце пост-концертно, ако ме праша што се случува во бендот.
Тоа е тоа, по некоја проба се дешава, го монтираме моментално видео материјалот од концертот во Хавана што се случи пред месец дена, ги миксаме аудио снимките, и тоа би било тоа во последно време. Пред тоа околу пола година правевме проби, напорно се спремавме за концертот во Хавана, и задоволни сме од се како што излезе.

Од „Барајќи го спасот“ па наваму некако не сте баш присутни, на што се должи тоа?

Уф, па имаш мала грешка, бевме активни уште 3-4 години после првиот албум. Тој излезе 2004-та, а ние прекинавме со свирки и проби негде 2008-ма. Во тој период ни се случија и најдобрите наши настапи (според нас), предгрупа на Whitesnake во 2006-та летото, и 2007-ма на Wacken Metal Battle во Кастро. После тоа почнаа снимањата за вториот албум и тука прекинавме. (Под најдобри настапи мислам во тој период, не сметајќи го последниов концерт во Хавана во Јуни 2012-та).

Знам дека едно време снимавте нов албум, дури и слушнав некои првични снимки ама тоа беше одамна, па потоа снимките пропаднаа, па мислам дека пак снимавте итн итн. Што се случува на тоа поле?

Болна тема за разговор…  Криво ни е многу што не излезе тој албум, беше снимен скоро цел, недомиксан. Но, гледајќи од денешен аспект, добро е што се деси така. Малку повеќе созреавме музички, па сега дури и преработивме некои од песните и го добија современиот звук кој го баравме… малку повеќе да се биде во тек со време, да не остане на истото тоа на кое сме застанале на снимањето на вториот албум во 2008-ма.

Дениз се насочи кон „соло“ кариера и веќе има еден интересен спот. Мислиш ли дека тоа е резултат на неактивноста на Steel Temple?

Лани излезе спотот на Дениз, што изгледа стварно одличен и професионален и визуелно, како и музички од негова страна, феноменално.
Не би можел да знам дали е тоа резултат, не ја поврзувам неактивноста на Steel Temple со тоа, затоа што еве, сега и откако пак се собравме он контиунирано си работи на свои нови песни и си ја тера соло кариерата како што треба. После Steel Temple Дениз свиреше и со Тотем и баш одлично им одеше и беа супер Live band од тоа што го имам слушано и гледано.

Сте размислувале ли да снимите барем нов спот? Досега имате три ако не се лажам?

Да. Веќе снимивме и нов сингл кој еве ви го праќам паралелно и со интервјуто. Оваа песна е постара но ја преработивме да звучи малце посовремено, скроз е различна од претходно. Сакавме да снимиме спот за неа, па ќе видиме, да поминат одмориве, сите ќе се разбегаат сега. Инаку да, имавме три видеа за песни од првиот албум.

Што прават останатите членови на бендот? Блуз едно време се бафташе со работа во студио, прво негово, после кај Трајче…

Да, Блуз се уште работи со Трајче, имаат работа, го прошируваат студиото, доста албуми извадија од нивната работилница, доста квалитет, Метал, Панк, Рап и што уште не… супер работат дечките. Маци и Дениз работат во Гитар Хаус, Фичо тера своја фирма, јас сум у едно графичко студио ко дизајнер, и уметник у слободно време кога ми дозволуваат финансиите :D
Се случуваат и проби со бендот, и така, у глобала, пополнето им е времето на сите членови на бендот.

Што е она што го цениш од бендовите кои останаа кај нас, а што ти се допаѓа од поновата генерација бендови? Зборам за домашни бендови.

Уффф, има доста за зборење на оваа тема… Ми се свиѓа кога ќе видам бендови на плакат од тоа време пред 5-10 години кои сеуште свират и издаваат. Еве, се вративме и ние да ја пополниме дупката што ја оставивме, затоа што искрено фалеше Хеви Метал. Секоја чест на бендови што опстанаа и опстануваат на сцената како Formless, Demency, SMUT, Serpentine Firе, FLUKS, Лоши Деца… Поштуем највише. Ми фалат рецимо Embriotomy, ама Formless некако ми ја попунуваат таа дупка, така да се е како што треба сеа за сеа. Од помлада генерација бендови, што знам, би ги одвоил Exotist, Shock Troopers, Mindless… Мамата бендови.

Знам дека си закопан во „постари музики“, но има ли нешто од поново време што те има позитивно измрдано? Не мора да станува збор само за метал, а и кога сме веќе тука што слушаш вон метал музика?

Вака мислам, фактот дека сум у постар филм на музика не значи ништо. Затоа што и на луѓе што слушаат некој HC, ко Biohazard, Suicidal или Madball на пример, или прог као Dream Theater, никој не им вика, еј батали тоа, старо е… а уствари е од исто време со мојот фазон на музика, исто време стварале тие бендови што ги преферирам со горенаведениве бендови. Али има периоди, како месеци, а можда и година коа не можам да ја поднесам песната што до вчера ми била омилена, од премногу вртење ваљда.
Слушам понови ствари… Што ме размрдало поново, а? Хмм.. па на пример, ми праат кејф Coheed & Cambria, или на пример Gojira се ѕверови. Има еден шведски бенд кој ми е топ у моментов, Hardcore Superstar. Да не набројувам се, има одлични ствари на дофат што чекаат да бидат откриени.
Освен метал, нормално дека преферирам и друг тип на музика, сосем различни ствари. Сакам Jazz на моменти, ама не од оној Free Jazz-от, напнат ми е многу. Некој Electro Jazz на пример… Сакам Амбиент и Chill музика. Ги слушам Koop на пример. Имам и еден албум од Pink шо ми се врти од време на време у плеер. Да не праам муабет за музика од стилот на Леонард Коен, Кет Стивенс, знам да си пуштам Blondie, Flock Of Seagulls ми се одлични иако се new wave. Има и доста добра МК музика која не е метал у моментов што знам да ја заслушам. Сашко Костов има одличен нов албум на пример кој вреди да се преслуша повеќе пати зашто знае и тежок албум да биде за од прва.

Правиш ли некаква разлика од периодот кога почнувавте, со ова што се случува денес, на домашен план? Во која насока е променета домашната сцена?

Има доста бендови, има свирки, гледам се случуваат. Сега еве и попознати имиња ни носат Зиле и компанија на наша голема радост, подобрена е сцената, или барем останата на солидно ниво со бендови кои можат да се мерат и со светски групи.
Не можам да кажам од мојот аспект и да направам некоја разлика од тогаш до сега… Тогаш си помлад, посебен филм ти се случува тогаш, на 20 години. Сега со сета желба идам да гледам нови или стари бендови, идам да свирам на концерт со истата жар. Ама помладите бендови го доживуваат тоа другачие, ко ние пред 10 години на пример. Но тоа не ја прави сцената различна, туку само индивидуалната перцепција на секој човек кој е дел од сево ова што го имаме и што треба да го чуваме и да придонесуваме за него, на кој и да е начин. Ја свирам у бенд, ко помлад не го гледав така, но сега го гледам ко стварање уметност.

Ни недостасуваат ли домашни медиуми? (Фанзини, веб страници. А тоа би значело поголем простор за промоција на домашната сцена. Не верувам дека за еден бенд е доволно да си отвори страница на Facebook или Twitter.)

Ги наброја основните проблеми на еден бенд и на целата МК Андерграунд сцена. Фалат промотери што ќе се грижат за повеќето од метал бендовите, нешто као Metal Blade у Калифорнија у рани 80-ти. Со самото тоа и списанија, и веб портали, но секако, секоја чест за МКМЕТАЛ кој неуморно го прави тоа со години, растев со МКМЕТАЛ и еве, уште сме тука… Потребно е повеќе од ФБ, да, и мислам со тек на време ќе го сфатат тоа сите бендови и ќе почнат да прават свои веб страни и да се промовираат малце попрофесионално по светов, не само кај нас у Македонија.

Сте размислувале ли да барате издавач за некое идно издание?

Сме размислувале, и уште размислуваме… Ќе видиме… има време, никој не не брка, тоа што треба да се случи ќе се случи.

Што претставува за тебе андерграундот?

Обично Андерграунд луѓе се оние кои не легнале добро у друштво со мнозинството кое е околу нив, и сакале да бидат малку или доста поразлични од другите. Јас тргнувам од себе… Омилен стих ми е, We’re the ones that live it, We’re gonna be free, And if they think that we’re Sick, Then Sick is what We’ll Be. Scream it loud, Know what you are, Be Proud.
Едноставно не сакам да се поистоветувам со мнозинството на луѓе, кое иде на работа, иде дома, јаде, кења, спие и пак иде на работа… и повремено иде на гласање.
Има многу повеќе у животот од тие наметнати работи, а тоа лежи у слободата која НИЕ ја нарекуваме Андерграунд.

Какви теми обработуваат вашите текстови, кој ги пишува?

Повеќето текстови се напишани од страна на Блуз. Имам и јас неколку квалитетни напишани кои се веќе претворени у песни. Пишуваме за соништа, фантазии, социјални неправди, живот, смрт…

Се сеќавам дека едно време стартувавте блог за бендот каде постојано имаше некакви информации. Што се случи со тоа? Блогот запре заради неактивност или немаше кој да го одржува?

Го проверувам од време на време и гледам уште е онлајн… Непроменет од кога прекинавме да свириме… Го баталив тоа, јас го водев, ми се смени бојата од сива у розева некако автоматски, се изнервирав и го баталив. Има и боље ствари… Ќе напраам веб страна, тоа ми е пофилм.

Последните зборови се твои, заврши го интервјуто, па се гледаме негде на пивце! Поздрав!

Фала на можноста за искажување, Фала Алек, фала Пецо, фала МКМЕТАЛ.
Останете свои сите, слушајте добра музика, која и да е, каква и да е, ако ви се свиѓа на вас, слушајте ја, тоа ќе ве ослободи.
Се гледаме и слушаме наскоро со нешто ново од нас, поздрав од мене и цел Steel Temple!!!

p.s. Алек, лади пивото

Интервјуирал: Алек