Agnostic Front зачестија со албуми

Agnostic Front зачестија со албуми

Новиот албум на Agnostic се вика „Get Loud!“ и ќе излезе во ноември. За среќа имаме можност да слушнеме и песна, поточно „Spray Painted Walls“, првата од албумот. На прва песната ми звучи одлично, за разлика од претходниот албум. Но она што стана карактеристично за Agnostic Front (за жал) е жалопојството нивно по „стариот Њујорк“, старата њујоршка хард кор школа. Зошто тоа би било проблем? Затоа што бендот постои речиси четириесет години, уште малку половина век, и да му ебам матер уште колку време ќе се кука по „златните времиња“? Ерата поминала и тоа е тоа, за жал или за среќа! Малку треба да размислат и дека и луѓето од таа школа и тоа време или ги нема или се тотално променети (една илустрација за тоа е и Rick од 25-ta Life – оние што следат хардкор знаат за кого зборувам – лик кој стана смрдлив наци). И така натаму и така натаму…