Anguish Sublime најавуваат нов албум

Anguish Sublime најавуваат нов албум

Балканов е полн чудесии, кога станува збор за бендови, албуми и слично. Anguish Sublime постојат некаде од 1998 и до денес немаат издадено албум. Едно демо и две ЕР изданија во сопствена режија – самостојно снимање. Деновиве ме известија дека нивниот албум „Maelstrom Imperium“ ќе излезе во ноември преку издавачката куќа Silent Watcher Records. Пред неколку години направивме интервју (ако некој сака подетално да се информира), а додека да ни испратат нешто ново од албумот, може да се потсетиме на нивното ЕР од 2015 година „Thornwinged“.