Artillery имаат нов спот

Artillery имаат нов спот

Новиот албум на Artillery, „The Face of Fear“ излегува следната недела. Досега имавме можност да слушнеме нешто ново, но еве сега имаат и спотче за песната „Pain“. Хеви/треш балада, во најмала рака. Песната е одлична само некако премногу кратко ми трае. Очекувам опасен албум од ветераниве, кои, патем, на сцена се цели 36 години. Секоја чест!