Блек метал и пост-рок?

Блек метал и пост-рок?

Не сум ни знаел дека постои вакво нешто се додека не ги сретнав Svnth. На почетоците свиреле блек метал, а подоцна направиле некоја ваква комбинаторика со пост-рок. Мене ми звучи одлично, троа необично ама интересно. Уште почуден е спотот за „Wings of the Ark“, која се наоѓа на нивниот нов албум „Spring in Blue“ кој официјално излезе вчера, има само шест песни, а трае еден час.