Cannibal Corpse во Скопје! 18.06.2019 МКЦ!

Cannibal Corpse во Скопје! 18.06.2019 МКЦ!

За секој од поголемите светски бендови секогаш може да се напише дека во нешто се пионери, дека се најдобри и најголеми и да им се залепат уште многу епитети. Меѓутоа ретки се бендовите за кои тоа вистински важи.
Cannibal ‘fucking’ Corpse се бенд од првата петорка на американската death metal школа од крајот на 80тите и почетокот на 90тите години, Бенд кој буквално измисли свој правец, кој никогаш не застрани и кој инспирираше и сè уште инспирира нови генерации од целиот свет да свират Cannibal рифови.
Предводени од виртуозот на бас гитара Alex Webster, машината за рифови Rob Barret и буквално вистинскиот звер на микрофон George ‘Corpsegrinder’ Fisher, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет.
Со 14 студиски албуми позади себе и десетици други изданија, секако важат за еден од најкреативните бендови на глобусов :) и буквално секој обид да се издвои некој албум или песна како хит би бил залуден.
Red Before Black е нивниот последен опус кој летово ќе го презентираат низ Европа, и конечно за прв пат ќе свират и кај нас.
На 18ти јуни во Скопје, во МКЦ испишуваме нова страница во македонската метал историја!
Првите 100 карти ке бидат по промотивна цена од 800денари.
После тоа е стандардна цена од 1000ка, а на денот на концертот ќе биде 1200денари.
Карти ќе има на билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk и во мрежата на mktickets.mk
Инфо за предгрупи наскоро!
Сакаме да ви се заблагодариме за поддршката која ни ја давате со години наназад и се надеваме дека во иднина само уште повеќе ќе се гледаме на свирки.
Keep supporting the underground spirit!
Метал будењето продолжува!!!

Со почит Terrorvoid Promotions