Cattle Decapitation имаат нова песна

Cattle Decapitation имаат нова песна

За „Death Atlas“ ќе почекаме дури до крајот на ноември ама во меѓувреме имаме можност да ја слушнеме „Bring Back the Plague“. Почудна песна од Cattle Decapitation не сум слушал. Првата минута делува како некој напукан блек метал, после прескокнува во дет металштина, за на средина од песната да слушнеме малку прогче со клин вокали и после пак, правец, блек метал. Којзнае што друго ни носи „Death Atlas“…

Иако и претходно објавената „One Day Closer to the End of the World“ не беше не-чудна ама новава отскокнува. „One Day Closer to the End of the World“ по малку потсетуваше на заврзламите што во последно време ги прави господинот Townsend. Да се потсетиме.