Cattle Decapitation снимија спот со мобилни телефони

Cattle Decapitation снимија спот со мобилни телефони

Во време на самоизолација, Cattle Decapitation решија да снимат спот колку да потсетат дека „Death Atlas“ се уште е свеж. Како и да е, во спотот поштено се изругаа на кризата со тоалетна хартија во време на коронавирусот. Дали до толку сме отидени како вид, што една ваква пандемија на површина го вади најлошото од нас? Спотот е за песната „Bring Back the Plague“.