Дали сте ги слушнале Station: Innermost?

Дали сте ги слушнале Station: Innermost?

Station: Innermost се домашен (прогресивен) продукт! И како што вообичаено бидува во денешно време со домашни бендови, ниту знаеме, ниту сме чуле (со исклучок на поединци, нормално). Како и да е, Station: Innermost денес (во клубот „Винил“) го издаваат своето прво ЕР издание „Exposure“, а за да не се чудиме што е тоа и како е, дечките се погрижија да го слушнеме и првиот (одличен) сингл „Dana“, каде гостуваат Дерек Шериниан (некогашен клавијатурист на Dream Theater) и Ади Имери. Само напред!