Дениз има нова песна... и нов спот!

Дениз има нова песна... и нов спот!

Не е грев чоек да си има омилен домашен музичар. Новата песна на Дениз, „Within Us All“ доаѓа спотовски спакувана. Иако е инструментален музичар, нашол одличен начин да пренесе порака. За видео едитингот се погрижил сам, што според мене, во случајов, е перфектно одработен сегмент. Песната звучи одлично ама имам само една мала „замерка“. Ритам гитарите можеби требало да звучат поостро, заради директноста на рифовите, но тоа е најверојатно прашање на вкус. Старо, одамна зборам, албум!