Добар јапонски дет метал

Добар јапонски дет метал

Не знам дали сте ги слушнале Defiled… Инаку, ветерани се фаците, свират од 1993 ама немаат некоја огромна дискографија. Како и да е, утре официјално им излегува новиот албум и тоа на плоча и тоа преку Season Of Mist. Албумот се вика „Infinite Regress“, а звучи интересно. На моменти класичен старошколски дет метал, мал наплив на бруталност и доза солирачка мелодичност. Како и да е, интересно.