Дочекавме нов албум од Xentrix

Дочекавме нов албум од Xentrix

Од 1996 година па наваму сцената е без еден од најдобрите треш бендови, но откако се реоформија се чека моментот на „нов албум“. Го дочекавме и тоа, само ќе треба уште малку да почекаме. Камбек албумот се вика „Bury The Pain“ и ќе излезе летово. Освен насловната од албумот и информациите за поставата немаме друга информација. Ако чекавме 23 години, ќе почекаме уште неколку месеци.

Kristian Havard – Guitar
Chris Shires – Bass
Jay Walsh – Vocals/Guitar
Dennis Gasser – Drums