Еден мошне интересен бенд...

Еден мошне интересен бенд...

Countless Skies се, наводно, мелодичен дет метал бенд од Англија. Е, арно ама во стилов има премногу други жанрови и поджанрови што тешко е само така бегло да се опишат. Како и да е, Countless Skies пред десетина дена го издадоа својот втор албум „Glow“, кој звучи доста интересно. На албумот може да се слушне сешто, па затоа го препорачувам. Единствена мала забелешка (што е прашање на вкус) ми е премногу острата и помалку пластична продукција ама за мене тоа не е пресуден фактор. Одличен бенд!