Едно име: Ihsahn

Едно име: Ihsahn

Ihsahn е еден од ретките луѓе на метал сцената кој упорно и упорно ги поместува и изместува границите на самиот жанр. Еден од оние луѓе кои даваат нови димензии на самата сцена. Практично, човекот од глава до пети е метал, но на свој сопствен начин, нешто што било ретко отсекогаш, а верувам дека ќе биде ретко и понатаму. Новото ЕР на Ihsahn, „Pharos“ ќе излезе за петнаесетина дена и имам чувство дека иако содржи три негови песни и две преработки, концептуално има голема тежина, знаејќи го неговиот израз и целата негова металска историја. Како и да е, неодамна стримуваше песна од изданието, а денес имаме можност да видиме спот за преработката „Manhattan Skyline “ од поп бендот A-Ha. На вокали гостува Einar Solberg од Leprous и двајцата направиле одлично воскреснување на „Manhattan Skyline“ од 1986 година. Намерно и ќе ве потсетам на „Spectre of the Feast“ која Ihsahn ја стримуваше неодамна за да ја забележите концепциската близина на песните.