Evergrey имаат нов спот

Evergrey имаат нов спот

Наближува излегувањето на „Escape of the Phoenix“, а Evergrey предвреме почнаа да го „отплеткуваат“. Снимија спот за „Where August Mourn“, за која имам поделени мислења. Впрочем не само за песната туку и генерално за бендот. Ги следам уште од самите почетоци и ако на времето знаеја да направат „различен“ албум во нивен стил, последниве албуми како клоновски да се надоврзуваат. Единствено нешто што е во подем кај Evergrey е продукцијата. Океј, ама продукцијата не раскажува приказни…