Феноменален дет метал

Феноменален дет метал

Одамна не сум слушнал одличен прв албум на некој дет метал бенд. Не дека нема, туку јас не сум налетал, да сме на чисто. The Glorious Dead е опасен бенд од Мичиген. Колку што можев да разлистам, луѓево си свират и по други бендови ама направиле одлична дружба за сефте албум. Албумот се вика „Into Lifeless Shrines“, официјално излегува утре и не очекувајте револуционерни откритија. Ова е еден од оние бендови чија енергија ве озрачува уште на првото слушање. Секоја чест!!!