Ги знаете Ad Nauseam?

Ги знаете Ad Nauseam?

Ad Nauseam се (во најмала рака) шизофрени Италијанци од Виченца. Релативно млад бенд се, а свират некаков авангарден дет метал, што, според мене, може да се опише како шизофренија. Интересно е да се слушнат вакви брлавштини, секоја чест. Инаку, утре официјално им излегува вториот албум „Imperative Imperceptible Impulse“, кој содржи само шест песни (дури и многу е за ваква музика), а денес имаме можност да ја слушнеме насловната песна од албумот.