Ги знаете Brave The Cold?

Ги знаете Brave The Cold?

Brave The Cold е проект на двајца ветерани. Станува збор за дружба помеѓу Мич Харис (Absolute Power, Defecation, Menace, Napalm Death, Righteous Pigs итн, итн, итн) и Дирк Вербурен ( Abyssal Vortex, Bent Sea, Cadaver, Freya, Geoda, Hespera, Megadeth, Phaze I, Pulse of Nebulae, Vetur, Withered Moon, Devin Townsend исто така, итн, итн, итн) која е заокружена во одличен грајндкор/дет метал проект. Нивното прво издание „Scarcity“ официјално излезе денес и не само што звучи добро, туку и изгледа добро и пука од значење – добро!