Ги знаете Prometheus?

Ги знаете Prometheus?

Prometheus се блек метал бенд од Солун. Иако не сум по блек металот, мора да признаам дека последнава година се изнаслушав добри блек метали. Prometheus ќе издадат нов албум задутре, а во меѓувреме стримуваат две песни од албумот (Resonant Echoes From Cosmos Of Old). Звучи тешко, тмурно, мелодично и репетитивно и токму репетитивноста изгледа дека е клучниот зачин кај бендов. Деловите се повторуваат толку што нема шанса мелодијата „да избега“. Како и да е, во прилог се две песни па проценете сами. Препорачувам.