Ги знаете Rat King?

Ги знаете Rat King?

Очигледно и Сиетл знае да роди масни и бесни бендови. Rat King се дет/грајнд бенд со релативно мал стаж на метал сцената ама според ова што го слушнав изгледа дека станува збор за одличен бенд. Зад себе имаат неколку периферни изданија, еден албум, а вториот официјално излегува задутре. Албумот се вика „Vicious Inhumanity“, а како звучи сето тоа ќе заклучите откако ќе ја слушнете бесната „Borratanico“. Многу, многу добро, иако не оригинално и уникатно ама тоа е дискутабилно…