Се сеќавате на Svart Crown?

Се сеќавате на Svart Crown?

Svart Crown се француски дет/блек метал бенд, поточно од Ница. Свиреа во Скопје заедно со Marduk 2015 година. Бендот има солидна дискографија, а составен е и од луѓе што свират во куп други бендови. Инаку, знаат да направат добра мрачна атмосфера (нешто за што им замеруваат поверните фанови, осудувајќи го тоа како пост-рок елемент), освен она што би се очекувало од описот (кецови и бластови). Многу, многу интересен бенд кој мислам дека ги проширува границите на етикетата дет и блек. Како и да е. Нивниот нов албум „Wolves Among the Ashes“ излегува задутре и тоа преку Century Media. Еве како звучат.