Hardfaced имаат нов спот

Hardfaced имаат нов спот

Речиси една година „сонуваме низ решетки и танцуваме во страв“ и затоа не се случуваат многу нешта на домашната сцена. Сите ја знаеме причината… Како и да е, Hardfaced и во ваква состојба решија да снимат одличен спот за уште поодличната „Ножот крвав“, која се наоѓа на нивниот последен албум „Dreamless Slumber at the Shores of Youth“. Албумот излезе во ноември 2019 и тоа на плоча. А, да… Сè уште е актуелен!