...и би нова песна од Testament

...и би нова песна од Testament

Вчера најава, денес песничка. И тоа за вештерки… „Night of the Witch’ е класична треш металштина што на моменти (барем за мене) зазвучува креаторски, иако сето тоа си е фино лепо тестаментски печатирано. И, се разбира, одлични солажи, ко и секогаш. Чујте и почујте зашто „Titans of Creation“ излегува дури во април.