И пак блек метал

И пак блек метал

Aethyrick се класични црни металци од Финска. Станува збор за млад бенд кој постои од 2017 година и имаат солидна бројка изданија зад себе. Две демоа, два албуми, а новиот албум „Apotheosis“ официјално излегува утре. Како најава, ја слушаме втората песна од албумот „Rosary of Midnights“. Бавно, тмурно ама и мелодично…