Интересен канадски дум метал

Интересен канадски дум метал

Иако речиси воопшто не слушам дум, новиот спот (т.е новата песна) на Loviatar ми влезе во уши (можеби и заради целава напнато-изолациска состојба, не знам). Добри рифови и одличен вокал, а вреди и да се пофали целата продукциска атмосфера. Инаку, новиот (втор по ред) студиски албум на Leviatar, „Lightless“ излегува на 3 април, а во меѓувреме можете да го ѕирнете нивниот нов шумски спот за песната „Silca“. Патем, албумот излегува на плоча, чисто, онака ко некој колекционерски зачин-податок. Дајте им шанса… Но и мене, ко лаик-думер.