Интересен треш

Интересен треш

Па и не може да не биде интересен кога доаѓа од Канада. Wreck-Defy се треш метал бенд од Тандер Беј, Онтарио и свират многу добар и мелодичен треш метал. Екипата зад бендот не е тазе, речиси сите се ветерани, а постојат од 2017 година и имаат дури три албуми. Последниот албум „Powers That Be“ излезе пред неколку дена како независно издание (уште еден плус). Слушнете ја одличната „Goodbye to Misery“ за да видите за што се работи.