Јапонска металштина

Јапонска металштина

Coffin се јапонски металчишта, поточно токиски. Пред десетина дена издадоа нов албум, „Beyond the Circular Demise“. Албумот е одлична старошколска збирштина, дет метал, одличен крастерајски драјв и енергично рикало зад микрофонот. Е, ова е продукција каква што треба да биде, премачкана со маст, лој, богата со холестерол и триглицериди. Албумот е достапен во целост, така што кликајте и крустајте!