Камбек на Psychotic Waltz

Камбек на Psychotic Waltz

После цели 24 години Psychotic Waltz се враќаат со нов албум. Албумот „The God-Shaped Void“ ќе излезе во февруари следната година, а денес имаме можност и да слушнеме како ќе звучи. Според првата песна од албумот „Devils and Angels“ може да се заклучи дека ќе слушнеме одличен албум. Песната звучи многу, многу добро, а ми се допаѓа и старошколската продукција.