Кој е за добар грајнд?

Кој е за добар грајнд?

Narakah се дет/грајнд бенд од Питсбург. Бендот е тазе ама членовите не се. Ова случајно ми налета на волеј, а бендов нема ни прв албум. Досега имаат едно ЕР издание, а второто „Blast Haven“ официјално излегува денес како независно издание. ЕР со 9 песни и 12 минути. Што може да се бара повеќе? Во продолжение ја слушаме мојата омилена, воедно и последна песна на албумот „Dakimakura“. Одлично!