Концертна промоција на Never a Victim Always A Renegade во МКЦ

Концертна промоција на Never a Victim Always A Renegade во МКЦ

Дојде денот! Trendkill промоција на новиот албум Never a Victim Always a Renegade. На 3ти април, поддршка ќе дадат Пепел, Inner Hate и младите трешери Conspiracy!

По шест месеци макотрпна работа во 2019та во Студио 1060, Тrendkill конечно го издадоа својот втор студиски албум Never a Victim Always a Renegade како независно издание. На 3ти, албумот ќе биде промовиран во целост, а до тогаш може да го слушате целиот албум.

Следете ги Trendkill на:
FB
IG
YouTube

За поддршка тука се:
Пепел – дрска рок дружина од составена од ветерани, спремни да го метат подот со нивниот бескомпромисен рок!

Inner Hate – Кичевски death thrash машини кој стануваaт македонски металски powerhouse.

Conspiracy – млади трешери кои не запираат со свирење по никоја цена. Супер талентирана млада генерација спремна за треш!

Благодарност до:
GS Handcraft
Zoograf Amplification
Event Logistics
Студио 1060

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online.