Kreator имаат нов сингл и нов спот

Kreator имаат нов сингл и нов спот

Не верував дека ќе дојде денот кога ќе бидам изнервиран токму од Kreator… ама ете дојде. Денес официјално излегува синглот „666 – World Divided“ за кој исто така снимија и спот. Песната е супер, т.е од Kreator не може да се очекуваат којзнае колку големи подеми или падови на музичко поле. Текстот, исто така добар, но малку тинејџерски, нешто што Миле го збори веќе, колку, 30 години? Но, во ред, има поента има став. Ама, што е со спотов? Интересно скована порака/стих „обединети во поделен свет“ и спот ко да глеам хорор филм од осумдести. Или демек дотолку он бил оттурнат, дистанциран, оцрнет па сеа он да покаже како тоа изглеа визуелно. Старата приказна, металците демек ѓаоли, сатанисти, окултисти, а они као се обидуваат да докажат дека не е така, а други, ко у случајов со Миле, се обидуваат тоа уште повеќе да го продлабочат. Мислам, како и да е, во најмала рака е неинтелигентно. Ајде ќе праиме страшни спотови, пошо ние сме страшна популација, нас никој не не разбира. Додуша и огромен број металци се заглавени во тој филм, а за жал и после 100 години (претпоставувам) ќе се случува истото. Ама секогаш ќе постои таа самовиктимизација, „нас никој не не разбира сите не отфрлаат“. Океј, ако е така можеби еден ден треба некој да се запраша, дали можеби самите не ја репродуцираме таквата слика? Како и да е, се надевам дека ова е најава за нов албум од Kreator и дека истиот ќе има што да пренесе, ако ништо друго, барем нешто добро во текстуална смисла.