Малку експериментален блек метал

Малку експериментален блек метал

Морам да признаам дека не сум слушал многу вакви бендови ама ова ми фати уво. Во основа блек метал, да, ама и доста психотично на моменти. Интересна енергија. Станува збор за проектот Hræ кој доаѓа од Исланд, а зад него стои само еден човек. Иако деби албумот „Þar sem skepnur reika“ излегол порано годинава, мислам дека сепак заслужува внимание. Добрите изданија се безвременски.