Најава за одличен деби албум

Најава за одличен деби албум

Cryptosis се забегани металчишта од Холандија. Иако постојат само една година, досега имаат четири синглови и едно сплит издание. Арно ама, дојде време за првиот албум „Bionic Swarm“ кој ќе излезе за неколку дена и тоа, ни повеќе ни помалку, за Century Media Records. Во меѓувреме снимија спот за одличната „Prospect of Immortality“’, која со сигурност најавува одличен и свеж албум (барем во музичка смисла). Патем, Cryptosis свират прогресивен треш метал, иако на моменти прелетува и по некоја Meshuggah нотичка. Вреди да се слушне.