Napalm Death имаат одличен нов спот

Napalm Death имаат одличен нов спот

Napalm Death снимија спот за последната песна од новиот албум. Полуанимираниот спот е за песната „A Bellyful of Salt and Spleen“, која звучи троа индустриал, а спотот се фокусира на еден од проблемите на денешницата, бегалците. „Златниот песок“ кој се спомнува во песната (имајќи го предвид и спотот) веројатно се однесува на тоа како за едни песокот и плажите, генерално, се место за разонода и забава, додека за други тоа е ветено место. Место каде се бара спас од грозотиите на војната. Дури во еден момент има и алузија на Ајлан Курди, тригодишниот Сириец кој се удави во Медитеранското морде бегајќи од војната во Сирија. Енивеј, погледнете го спотот!