Нов домашен никулец

Нов домашен никулец

Auhma е нов домашен проект чија движечка сила се Саше Бранковски (Demency) – гитара и Јордан Маленко (Hardfaced) – тапани. Сешн басист е Дионис Стратров. Во основа, се работи за одличен инструментален прогресивен метал, а тоа може да се утврди и од нивниот прв сингл „Breeze“. Видеото за песната е заслуга на Златко Пармаковски. Искрено се надевам дека целава приказна нема да заврши само на еден сингл, зашто вакви бендови или проекти (како сакате) ни се повеќе од потребни.