Нова (одлична) песна од Six Feet Under

Нова (одлична) песна од Six Feet Under

Веќе дознавме дека „Nightmares of the Decomposed“ излегува на почетокот од октомври ама немавме можност да намирисаме како ќе звучи. Затоа, SFU денес ја објавија „Amputator“, првата песна од албумот, која е многу поексплозивна од досегашното просечно мид-темпо на песните на SFU. Звучи едноставно ама многу добро, многу енергично и нема застанување. Ковање од почеток до крај.