Obsequiae имаат нов албум

Obsequiae имаат нов албум

Obsequiae се мелодичен блек метал бенд од Минесота, САД. Релативно млад бенд ама веќе имаат три албуми зад себе. Денес официјално излегува нивниот нов албум „The Palms of Sorrowed Kings“, па за таа цел имаме можност да преслушаме една песна од албумот, поточно „ In the Garden of Hyacinths“. Obsequiae ми звучат мошне интересно, продукцијата е малку „чудна“, но и покрај тоа мислам дека се работи за одличен израз.