Одличен шведски стонер

Одличен шведски стонер

Monolord се одлична стонерска тројка од Гетеборг. Постојат од 2013 година, а јас ги открив денес, благодарение на Пецо. Како и да е, нивниот четврт студиски албум „No Comfort“ излегол пред десетина дена, а во меѓувреме е достапен во целост. Блек сабатовски, тмурен, мрсен и одличен. Кликајте плеј.