Одличен треш

Одличен треш

И не е само треш туку е и прогресивен. Paranorm се од Шведска, постојат 11 години ама немаат ниту еден албум зад себе. Синглови, демоа, ЕР-ја… Арно ама за три дена излегува нивниот прв албум „Empyrean“. Во меѓувреме стримуваат две одлични песни од албумот, со културна продукција (фино облечена, испеглана, дотерана) и супер мелодични технички елементи. Ова вреди да се преслуша.