После цели 12 години, нова песна од Benediction

После цели 12 години, нова песна од Benediction

После 12 години чекање, дочекавме и нова песна од Benediction. Песната е најава за нивниот следен албум „Scriptures“ кој треба да излезе во октомври на два винили. „Rabid Carnality“ ни кажува дека кај Benediction нема којзнае какви очекувања, тоа е тоа, старошколски дет метал до коска. Интересно звучи со Инграм на вокали, зашто враќа сеќавања на постарите албуми. Секоја чест!