Промоција на првиот албум на Conspiracy - Dehumanized!

Промоција на првиот албум на Conspiracy - Dehumanized!

Conspiracy со гордост го претставуваат својот прв албум Dehumanized!

Овие млади момци уште од почетоците на нивната недопрена кариера ја промовираат својата хеви-метал музика пред публика со различни вкусови. Така досега отсвиреа над 30 концерти и фестивали од висок калибар како Д Фест, Коноп Фест, Invasion From The East, Iron Mk Den, Рокфест и секако Лузерфест.

Лузерфест е посебен затоа што приказната за Dehumanized почна од таму. По победата на Лузерфест 2017, Conspiracy го промовираа Dehumanized на Лузерфест 2018.
Уште една година подоцна исполнета со многу часови поминати во студио, пресвирени рифови и сменети аранжмани, Dehumanized конечно се скраси на цеде што ќе можеш да го ставиш во твојата колекција на албуми од домашната сцена.

Албумот е издаден под капа на најреномираната куќа за underground музика во нашата земја – Password Production и изработен е целосно во студиото Enterprise Recording Studios, под менторство на Valentino Skenderovski.

Деветте песни се дело на заедничка работа на членовите на бендот, а за текстовите беше задолжен талентираниот гитарист Davor Kapac. Дизајнот и каверот се дело на кративниот тандем Anastasija и Aleksandar Andonovski.

Промоцијата е закажана на 13 јуни (четврток) во просториите на Password продукција. Прилика што не се испушта за секој фан на вистинскиот метал. Придружи ни се, момциве ја заслужуваат твојата поддршка!